Референт за логистика и организација на камионски транспорт

Navico Shipping е компанија која е една од првите приватни и најголеми бродски агенти во Македонија, основана како семејна компанија во 1996 година, со цел постојано да расте и да ги проширува своите услуги, со тоа што денес прерасна во еден од најголемите контејнерски превозници во Југоисточна Европа, Балкански регион.

Navico Shipping има развиено силно партнерство со некои од најпознатите светски брендови и исто така служи и за некои од Top Fortune Global 500 компаниите. Во текот на годините, ние помогнавме да се дефинира глобалната трговија на голем број клиенти, поставувајќи нови стандарди во служба и совршеност на секој пазарен сервис.

Вработувањето во Navico Shipping го гарантира вашето кариерно усовршување и формирање на професионалец во работата, во пријатна работна средина и со одлични работни услови. Во моментов отворена е следната работна позиција за вработување на определено време:

РЕФЕРЕНТ ЗА ЛОГИСТИКА И ОРГАНИЗАЦИЈА НА КАМИОНСКИ ТРАНСПОРТ

  • Организација на камионски транспорт
  • Координирање со другите вработени во компанијата со цел навремено и непречено реализирање на планираниот транспорт
  • Одговорно следење на транспортот и водење евиденција за сите елементи и стадиуми во работниот процес, од прибирање податоци за потребите за камионски транспорт, број, количина, датум, време и место на утовар и истовар, моментална состојба на расположливи камиони по број и локација и нивно менаџирање согласно добиените барања за транспорт од увозно и извозно одделение
  • Следење на извештаи, информации и актуелности поврзани со камионскиот транспорт, состојба на патиштата, вонредни околности, времени мерки, гранични и царински ограничувања и дозволи
  • Комуникација со камионски превозници, одржување на добра соработка со нив и решавање на реални ситуации кои произлегуваат од транспортот
  • Барање на понуди од превозници, преговарање и формирање понуда за клиенти
  • Истражување на пазарот, барање и контактирање на нови и потенцијални клиенти
  • Присуство на состаноци со цел проширување на портфолиото на транспортни компании и на клиенти
  • Грижа за постоечките клиенти преку одговорно следење на транспортот, активна комуникација и навремено известување за статусот на транспортот
  • Управување и раководење со деловната документација

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »