
Плата од 30.000 ден.
(преземи го огласот како PDF)
Оглас за вработување на Координатор на обуки АКАДЕМИЈА-ЦЕС е компанија која повеќе од 23 година активно работи на развој на човечкиот капитал, прв центар за стручно образование и образование на возрасни во Македонија кој што нуди различен вид на обуки за личен и професионален развој на возрасни лица, доквалификација и преквалификација. Организацијата постои како алка помеѓу потребите на пазарот на трудот и работодавачите од една страна и невработените лицата од друга страна.
Компанијата обавува дејност во следните области:
- Стручни вештини – занаети и административни курсеви
- Образование на возрасни/ животна средина и управување со отпад
- Обуки за вработени во јавна администрација
- Јазични вештини и преводи
- Обуки за наставници
- Консалтинг услуги и работа со проекти ( ИПА, Еразмус+)
Бараме координатор на обуки кој ќе се приклучи на нашиот тим.
Одговорности и задачи:
- Ја врши комуникацијата со клиенти (нарачатели/ корисници на обуки);
- Ја врши комуникацијата со обучувачите;
- Врши координација на обучувачи и корисници на обука;
- Ја води и редовно ја ажурира базата на обучувачи на Академија ЦЕС;
- Обезбедува на логистичка поддршка на обучувачи и корисници на обуки;
- Врши подготовка и администрација на обуки;
- Oбезбедува документација од реализација на обуки (листи на присуство,
- прашалници за квалитет, фотографии, сертификати, финални извештаи).
- Собира и врши евиденција на пријави за обуки;
- Издава фактури за слушатели на обуки;
- Изготвува договори за слушатели на обуки;
- Изготвува договори со обучувачи;
- Организара тестирања и сертификација на слушатели на обуки;
- Ја подготвува документацијата за верификација на наставни програми во ЦОВ;
- Води главна книга на слушатели на обуки по верификувани програми;
- Бара понуди, врши проценка на ресурси за реализација на обуки;
- Изготвува понуди за реализација на обуки;
- Подготвува соодветна документација за учество во јавни набавки и повици за реализација на обуки;
- Подготвува план за промоција за обуките;
- Oбјавува фотографии и видеа на фб и веб страна;
- Дава поддршка во имплементацијата на проектите финансирани од ЕУ во делот на организација на обуки, работилници, конференции и слични настани).
Потребни квалификации и вештини:
- Високо образование;
- Претходно работно искуство минимум 3 години;
- Добро познавање на англиски јазик;
- Добри комуникациски вештини (деловна комуникација и комуникација со клиенти);
- Добри организациски вештини за координација на клиенти, логистика и организирање на настани;
- Способност за уредно, педантно и организирано водење и чување на документација:
- Добро организирање, управување со времето, вештини за планирање и приоритизација;
- Основно познавање на работа со компјутери: MS Office (особено excel табели за евиденција), интернет, управување со електронска пошта;
- Способност за индивидуална и тимска работа;
- Претходно работно искуство во организација на настани/обуки и администрација на истите ќе се смета за предност;
Сите зинтересирани кандидати, може да достават професионална биографија CV, заедно со мотивациско писмо може да ја достават на следната e-пошта: [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака: по Оглас за вработување за Координатор на обуки.
Кандидатите кои нема да достават и мотивациско писмо заедно со својата биографија, воопшто нема да бидат земени во предвид.
Напомена:
• Работниот однос се заснова на определено време од 2 месеци. Доколку кандидатите покажат
висок професионален капацитет, следува склучување на редовен договор за врaботување.
• Доколку кандидатот ги поседува потребните вештини, квалификации и искуство, почетна плата
околу 30.000 денари.
• Само кандидатите кои најдобро ќе ги исполнат условите ќе бидат поканети на интервју за
вработување.