Машински Оператор CNC – Без работно искуство

За компанијата: The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок... повеќе за компанијата »

Job Good! Life Good!

The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок менталитет во менаџментот на човечки ресурси и нашата основна дејност се кадровски решениа за барателите на работа и работодавачите.

Машински Оператор CNC – Без работно искуство

За потребите на клиент Wabtec MZT, имаме потреба од лицa кои се заинтересирани да работат како Машински ЦНЦ оператори. Компанијата нуди обука за управување со ЦНЦ машина и постојано менторство од  страна на стручно лице.

Работни задачи кои би ги имал по поминатата обука:

  • Врши машинска обработка на делови и склопови (оперира ЦНЦ машина)
  • Чита и применува техничка документација и подготвува мерен, стезен и контролен алат.
  • Ги подготвува работните парчиња за обработка (мери, позиционира, порамнува и сл.)
  • Ја надгледува работата на машините и по потреба помага во разрешување на недостатоци и проблеми во машинската обработка.
  • Врши финална обработка на произведените парчиња со браварски операции (турпијање, шмирглање, симнување рабови, естетско дотерување, полирање и сл.)
  • Врши визуелна проверка и проверка со мерење на изработените парчиња и одговара за квалитетот и количината на изработката.
  • Врши редовно одржување на машините и опремата (чистење и подмачкување)
  • Навремено, уредно и точно пополнува евиденција поврзана со работните операции (работен налог, SPC листи и сл.)
  • По потреба извршува и други работни операции.

Понуда

  • Обука во модерен и високо стручен тренинг центар.
  • Компетитивни редовни месечни примања
  • Вршење корекции и ревизии на плата, два пати во годината.
  • Meсечен додаток за храна.
  • Платени сите задолжителни додатоци и надоместоци според закон.
  • Бонус програми и можност за личен професионален развој
  • Спортско рекративни активности и пристап до просторија за забава.
  • Работно искуство во динамична интернационална бизнис средина.
  • Пријатна и безбедна работна средина со модерни и нови машини.

 

Заинтересираните кандидати ги покануваме да аплицираат ! Доколку имате прашања поврзани со апликациите, контактирајте ја Сашка Малиновиќ на +389  70 370 649  (Понеделник-Петок) или пратете мејл на [email protected]


Пробајте го Хедхантер за вашиот успех!
Доверете ја вашата кариера на ВИСТИНСКИТЕ професионалци!
Ве молиме бидете информирани дека само кандидатите селектирани за интервју ќе бидат контактирани. При аплицирање напомнете ја позицијата за која аплицирате

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »