Сервисер

За компанијата: ИЦС ГРУП ДОО - Скопје е фирма , која врши проектирање, продажба и изведба на системи за греење, ладење и вентилација, како и техничко-консултантски услуги. Својата политика и концепција на работа ја... повеќе за компанијата »

Сервисер

Цел на работното место: Сервисирање на клима уреди, топлотни пумпи, врв системи и опрема, која ќе обезбеди највиско ниво на задоволство, безбедност и удобност кај клиентите.

 

Квалификации:

  • Најмалку една година искуство на слично работно место
  • Диплома од средно стручно образование
  • Познавање на модерните системи на климатизација,топлотни пумпи, ВРВ системи
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија и активен возач
  • Познавање MS Office и на законската регулатива и стандардите за заштита и безбедност при работењето

Вештини/ способности:

  • Одлични пишани и вербални способности за двонасочна комуникација
  • Способност да установи дефект и причина за истиот
  • Способност за работа со фреонски инсталации, водeни инсталации и струјни електрични инсталации.
  • Способност да толкува шеми и работни планови
  • Способност да размислува и реагира брзо
  • Способност да работи во органичен простор
  • Способност да пополни работен налог

Клучни лични карактеристики: Прецизности и точност, одличен однос кон детали, педантност, уредност, лична одговорност.

Нудиме: работа со најквалитени брендови, програми за личен и професионален развој, работна атмосфера каде задоволството на вработените е клучна вредност и пакет на наградување според учинок.

 

Работната позиција е во Скопје.

Сите заинтересирани кандидати своето  CV може да го  испратат на следнава e-mail  адреса  [најави се за да го видиш е-маилот]    (со назнака за работно место Сервисер)

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »