Сервисен Инженер

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Наш клиент е веледрогерија чија основна дејност е големо продажба на дијагностичка опрема за лаборатории во јавните и приватните здравствени установи, пласман на соодветни реагенси и сервисна подршка 24/7. Во име на нашиот клиент, Декра ја огласува следната позиција:

  • СЕРВИСЕН ИНЖЕНЕР

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Сервисирање на опрема што ја пласира Друштвото на пазарот;
  • Организирање на испорака на опрема до краен корисник;
  • Инсталација на опрема;
  • Oбука на персоналот за работа со опремата;
  • Техничка и апликативна поддршка за непречено функционирање на апаратитe (on-line или во просториите на крајниот корисник);
  • Сервисна поддршка за непречено функционирање на апаратите;
  • Пласирање нарачки на резервни делови;
  • Прием и сортирање на резервни делови во магацин;
  • Одговара за залихите на производите во магацинот и нивната состојба ја салдира по пат на попис (физички и компјутерски);
  • Работа со програм за материјално и финансово евидентирање и фактурирање (HELIX) во соодветниот Магацин;
  • Водење евиденција за редовни, полугодишни и годишни сервиси на инсталираната опрема;
  • Испраќање на разни известувања (QN, SBN) до производителот на опремата/производот, а во координација со одговорно лице;
  • Задолжително учество на сервисни и апликативни обуки (во земјата и странство) организирани од производителот на опремата;
  • Задолжително учество на специјализирани обуки (во земјата и странство) по барање на производителот на опремата;
  • Пријавување на сите проблеми и сервисни активности на одговорните лица кај производителот на опремата;
  • Изготвување на понуди за сервисирање на опремата;
  • Активно учество во изготвување на нови понуди за опрема;
  • Учествува при прием и испорака на производи по потреба и/или по налог на надреден раководител;
  • Барање на понуди за набавка на производи неопходни за беспрекорно функционирање на опремата што се инсталира на пазарот и достава на истата до одговорно лице за набавка;
  • Учестува на состаноци и ги презентира технички карактеристики на опремата пред постоечки и потенцијални нови корисници;
  • Изработка на документација/ценовник на резервни делови за учество на тендер;
  • Активно учества во подготовка и спроведување на обуки, семинари, конгреси и слични активности по налог на ино добавувач и/или Друштвото;
  • Ги исполнува и сите останати задачи дадени по налог на надреден раководител, а се во интерес на Друштвото.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • ВСС, дипломиран машински или електро инженер;
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција:
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на MS Office package;
  • Возачка дозвола- Б категорија.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Изразени комуникациски вештини;
  • Целовитост и посветеност при извршувањето на секојдневните работни задачи;
  • Проактивност, организираност и ориентираност кон остварување на резултати;
  • Способност за работа под притисок и работа во тим;
  • Самоиницијативност, професионалност и дисциплина.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Клиентот нуди можност за напредување и професионално усовршување во рамките на компанијата.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 31/03/2018.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »