Систем администратор

За компанијата: Македонијалек е првата приватна веледрогерија во Македонија. Развојниот пат на Македонијалек датира од 1978 година, а со постојната структура и сопственост на капиталот претпријатието функционира од 1991 година. повеќе за компанијата »

Македонијалек е првата веледрогерија во Македонија, со повеќе од 40-годишна традиција и врвни достигнувања во фармацевтската дејност. Преку иновативен и современ начин на работа придонесуваме во пронаоѓање решенија за предизвиците на нашето време.

Со децениска посветеност и континуиран напредок во работењето, Македонијалек прерасна во организирана компанија, лидер во дејноста.

Постојаниот развој на компанијата ја наметнува потребата за засилување и проширување на тимoт во ИТ сектор,и во таа насока имаме потреба од вработување на:

 

СИСТЕМ АДМИНИСТРАТОР

Број на работни места: 1

Потребни квалификации:
- Познавање на Linux/ Unix и неговите алатки, разбирање на kernel и кориснички простор

- Познавање IP адресирање, класи на IP адреси, reverese DNS, VPN, рутирање
- Познавање на англиски јазик
- Активна возачка дозвола Б категорија
Опис на работно место:
- Обезбедува техничка и корисничка подршка за уреди и системи
- Мониторира и контролира безбедност на сервери
- Конфигурира, инсталира, надградува и одржува системски и други софтверски апликации  -Одржува мрежи, инсталации и останати хардверски уреди

Потребен е профил на личност која e одговорна, прецизна, знае да размислува проактивно, сака да стекнува нови вештини и знаења и преку самостојна и тимска работа да го даде својот придонес во насока на постигнување на целите на компанијата.
Се нуди можност за одлични услови за работа и професионална надоградба.

Сте заинтересирани кандидати своето CV може да го достават на [најави се за да го видиш е-маилот]

Само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »