Монтер / Испитувач

За компанијата: The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок... повеќе за компанијата »

Job Good! Life Good!

The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок менталитет во менаџментот на човечки ресурси и нашата основна дејност се кадровски решениа за барателите на работа и работодавачите.

За потребите на клиент, глобална производствена компанија, бараме:

 

Монтер / Испитувач

Работни задачи:

  • Чита и применува техничка документација
  • Обезбедува и подготвува потребен алат и помагала за монтажа на производите пристигнати со работен налог
  • Врши подготовка на позициите за монтажа со нивно чистење (бришење, продувување и одмастување) ако се применува лепак)
  • Врши визуелна контрола на работните површини од позициите кои треба да се монтираат
  • Врши монтажа на подсклопови, склопови и цели производи со употреба на соодветен алат и специјални направи, помагала, преси за набивање, дупчалки, лепи со соодветен лепак според техничка документација и сл. пополнува чек листа ако таква постои за тој уред.
  • При монтажата позициите ги замастува со употреба на масти пропишани во техничко-технолошката документација
  • Користи динамометарски клучеви и пополнува извештај за динамометарскиот клуч според стандардите
  • Врши подготовка за испитување на монтираните производи (поврзување на пробница според шема дадена во мерниот лист со приклучоци и црева со соодветен проток, нагодување на ходови на сопирачки цилиндри, отварање на соодветна програма за испитување и сл.)
  • За испитаните апарати пополнува испитни листи со резултати од испитувањето, врши снимање на дијаграми и меморирање на дијаграми и мерни листи каде што тоа е предвидено и со потпис гарантира за исправноста на испитаните апарати, пополнува чек листа ако таква постои за тој уред.
  • Испитаните апарати (производи) ги идентификува со монтирање на натписна табличка претходно пополнета со податоци дадени во работниот налог
  • Врши демонтажа, повторна монтажа и испитување на апарати пристигнати за ремонт
  • Врши сервисирање на производи на терен по основа на рекламација или испитување на прототипско возило
  • По потреба извршува и други работни операции.

Услови:

  • Машински техничар, електро техничар или друго образование со соодветна обука или искуство
  • Минимум 2 години работно искуство на исти или слични позиции
  • Монтажа на производи според монтажен цртеж
  • Нагодување на мануелни и автоматски пробници за испитување
  • Правилно користење на секаков вид на алат и направи за монтажа
  • Мерење и техники на контрола на квалитет
  • Користење на динамометарски клуч
  • Користење на антивибрационен чекан и носење на соодветна заштитна опрема
  • Тимска работа
  • Прилагодливост и флексибилност
  • Можност за напредoк.

Плата : Компетитивна

Заинтересираните кандидати ги покануваме да аплицираат ! Доколку имате прашања поврзани со апликациите, контактирајте ја Ѓ-ѓа Јулијана Миновска на +389 71 370 151 (Понеделник-Петок) или пратете мејл на [email protected]


Пробајте го Хедхантер за вашиот успех!
Доверете ја вашата кариера на ВИСТИНСКИТЕ професионалци!
Ве молиме бидете информирани дека само кандидатите селектирани за интервју ќе бидат контактирани. При аплицирање напомнете ја позицијата за која аплицирате

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »