РАКОВОДИТЕЛ ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ

За компанијата: The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок... повеќе за компанијата »

Job Good! Life Good!

The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок менталитет во менаџментот на човечки ресурси и нашата основна дејност се кадровски решениа за барателите на работа и работодавачите.

За потребите на наш клиент, реномирана фабрика за производство на производи од сиво и нодуларно железо, бараме:

 

РАКОВОДИТЕЛ ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ

 

Опис на работното место:

  • Врши надзор на готовите производи и вратените производи
  • Врши надзор врз контролните процесни параметри во производство, ги проверува параметрите и презема мерки во случај на отстапување од стандардите
  • Организира месечни проверки на квалитетот на производите и предлага и презема соодветни активности и корективни и превентивни мерки согласно со добиените резултати, кои ги комуницира со производството
  • Врши проверки на добавувачи со цел да го провери квалитетот на материјалите и суровините пред започнувањето на доставата
  • Спроведува месечни проверки со цел да се одржуваат добрите производствени практики
  • Гарантира промена на системот за квалитет и делува како координатор со цел да овозможи доследна примена на барањата на стандардот преку спроведување редовен мониторинг, верификација, обучување и советување на вработените
  • Активно работи на назначени проекти, меѓусекторски иницијативи и задачи, 
  • Во целост ги следи и почитува компаниските политики и процедури

 

Потребни квалификации:

  • Висока стручна подготовка- ВСС, Инженер, Технолог 
  • Познавање меѓунаррдни стандарди за управување со квалитет ISO 9001:2015, ISO14001:2015, OHSAS 18001
  • Познавање на PPAP, FMEA, APQP, SPC, MSA
  • Најмалку 3 години работно искуство во областа на контрола на квалитет
  • Мотивација за работа во динамична околина и работа во тим
  • Способност за работа во кратки временски рокови и работа под притисок
  • Одлично познавање на деловен Англиски јазик
  • Одлично познавање на MS Office (Excel, Word, Povver Point). 

 

Понуда/Плата:  Соодветна на искуството

 

Заинтересираните кандидати ги покануваме да аплицираат ! Доколку имате прашања  поврзани со апликациите, контактирајте ја Ѓ-ѓа Јулијана Миновска на +389 70 379 914 (Понеделник-Петок) или испратете e-mail на  [најави се за да го видиш е-маилот]  до 1Февруари 2019



Пробајте го The HeadHunter за вашиот успех!
Доверете ја вашата кариера на ВИСТИНСКИТЕ професионалци!

Ве молиме бидете информирани дека само кандидатите селектирани за интервју ќе бидат контактирани. При аплицирање напомнете ја позицијата за која аплицирате

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »