Комерцијалист за реон Скопје

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

За нашиот клиент, интернационална компанија, која е специјализирана за производи за градежната индустрија, системи за складирање, како и производи за одржување  во прехранбена индустрија, ДЕКРА ја објавува следната позиција:

 

Комерцијалист за реон Скопје 

 

Опис на работно место:

  • Планирање и организирање на продажните активности, реализација на зададените планови,
  • Следење и унапредување на продажбата,
  • Одржување на соработката со постоечките и потенцијалните клиенти.

 

Потребни квалификации:

  • Минимум завршено средно образование (високо образование ќе се смета за предност),
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност,
  • Познавање од областа на машинството и градежништвото ќе се смета за предност,
  • Познавање на MS Office пакетот,
  • Познавање на Англиски јазик,
  • Возачка дозвола Б категорија.

 

Професионални знаења и способности:

  • Мотивирана и стабилна личност,
  • Динамична, иницијативна и личност насочена кон резултати,
  • Ориентираност кон клиенти,
  • Способност за индивидуална и тимска работа,
  • Одлични комуникациски и преговарачки вештини,
  • Организациски и аналитички способности,
  • Флексибилност за работа на терен.

 

Дополнителни информации:

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на:  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака за позицијата за која аплицираат.
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до 08/12/2017 година.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »