ЈУНИОР СИСТЕМ АДМИНИСТРАТОР

  • Објавен на 8.2018
  • ДЕЛТА БЕТ
  • Активен до 31.08.2018
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 02/3296-155

Компанијата Mozzart e најголемиот приредувач на игри на среќа во Југоисточна Европа, застапена на територијата на Република Србија, Романија, Република Српска, Хрватска, Македонија, а од скоро време и во Африка. Со повеќе од 1000 Уплатни места и околу 4300 вработени, апсолутно сме регионален лидер во оваа трговска дејност. Нашата деловна политика е заснована на модерни принципи на работење, констанотно унапредување на услугите и сваќање на иновативноста и единственоста како императив. Свесни дека успехот на компанијата е невозможен без стимулативно, динамично и удобно работно окружување кое развива вештини, знаења и кариера на вработените, внимателно ја градевме својата репутација за најпосакуван работодавач

.

 

 

                                               За нашето седиште во Скопје, потребен ни е

                                      ЈУНИОР СИСТЕМ АДМИНИСТРАТОР

 

 

Основни должности:

 

  1.  Инсталација и конфигурација на постоечките и нови хардверски инфраструктури (сервери, рутери, свичеви) во согласност со проектно-оперативните задачи
  2. Секојдневно следење на системот, проверка на достапноста на сите хардверски ресурси и сервиси, инспекција на системските и апликативни логови, проверка и бекап
  3. Редовно следење на безбедноста заради идентификување на евентуални слабости
  4. Брза и ефикасна комуникација со корисниците и другите членови на интерните тимови
  5. Водење сметка за перформансите на системот и нивно прилагодување
  6. Решавање на мрежните проблеми и прекини
  7. Имплементација на нови технологии

 

 

 

 

 

Услови за засновање на работното место:

 

  1. Минимум средно техничко образование
  2. Најмалку 1 година работно искуство на позиција на мрежен и систем администратор или друга ИТ позиција
  3. Напредно познавање на мрежи и мрежни протоколи, структурно каблирање, сертификат CCNA ќе се смета за предност
  4. Искуство во работата со мрежна опрема од еден или повеќе од наведените производители MikroTik, Cisco, Juniper
  5. Познавање на оперативните системи Linux/Windows, релевантен сертификат ќе се смета за предност
  6. Познавање на технологијата на виртуелни инфраструктури (Vmware)
  7. Основно познавање на бази на податоци Oracle, sql ќе се смета за предност
  8. Самомотивираност, посветеност, одговорност и доверливост, изразени вештини на комуникација, тимско работење и соработка, способност за решавање на проблеми, стремење кон развој и континуирано учење, независност во работата, способност за работа на повеќе задачи во исто време и под висок притисок.

 

Доколку сакате да бидете дел од тимот на Моззарт, чија примарна цел е да се воспостават и подигнат стандардите во областа на спортското обложување во Македонија и во регионот на Источна Европа, Ве молиме испратете ја својата пријава со работна биографија и мотивациско писмо на следнава е-маил адреса:   [најави се за да го видиш е-маилот] . Во насловот на пораката (subject) наведете ја позицијата за која аплицирате.

Краен рок за поднесување пријави е 31.08.2018 година. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Непотполни пријави нема да бидат земени во предвид.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »