Помлад Регрутер/Психолог

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »
  • Објавен пред една недела
  • Декра
  • Активен до 23.06.2021
  • Позиција: Психолог/филозоф
  • Локација: Скопје

ДЕКРА во име на свој клиент ја огласува позицијата:

  • Помлад Регрутер/Психолог

ОПИС НА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА

  • Регрутација и селекција на кадри;
  • Интервјуирање и евалуација на кандидати;
  • Одржување на база на кандидати;
  • Подготовка на огласи за работа;
  • Други работи во доменот на човечки ресурси.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Високо образование- Дипломиран психолог;
  • Работно искуство од минимум една година;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Познавање на MS Office.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Насоченост кон постојан развој и подобрување на сопствените вештини и знаења;
  • Способност за работа во тим и самостојно;
  • Одлични комуникациски вештини.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови,  своите професионални биографии можат да ги проследат на: [email protected] со назнака на позицијата за која аплицираат.

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 22/06/2021.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [email protected]