Овластен Сметководител

За компанијата: EРИ Корпорација ДООЕЛ Битола е компанија со странски капитал и еден од најголемите светски производители и извозници на топлински разменувачи и вентилациски компоненти. повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како слика)

Брзо-растечка компанија со странски капитал која се занимава со производство на топлински разменувачи  ERI CORPORATION ДОО - Битола со седиште на ул: Индустриска бр.30- Битола  која се наоѓа во просториите на Фринко (поранешно Фрижидери) има потреба од вработување на ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ. Работниот однос ќе се заснова на определено време од 6-12 месеци со можност за обновување на договорот на неопределено време.
Кандидатите покрај општите услови за вработување предвидени во Законот за работни односи потребно е да ги исполнуваат следните квалификации:
            1) Завршено Високо Образование,
            2) Уверение за овластен сметководител издадено од Министерството за финансии или ИСОС,
            3) Одлично познавање на работа со компјутер (Microsoft Office: excel и internet),
            4) Одлично познавање на Англиски јазик (пишување и говорење),
            5) Искуство во користење деловен софтвер/ЕРП софтверски програми,
            6) Работно искуство од минимум 3 години во сметководство (потписник на даночни пријави и завршни сметки),
            7) Предност ќе имаат овластени сметководители со практично искуство за:
- Книжење и контирање на сите книговодствени промени во главна книга на производствени компании,
- Искуство во контирање и мапирање на оперативни трошоци по функции: производство, магацини, логистика, администрација,
- Искуство во книжење и водење на книга на основни средства- пописи и аналитика,
- Искуство во пресметка на плати,
- Искуство во изработка и анализа на месечни извештаи за оперативни трошоци по функции.
Плата: по договор
 Потребни документи :
            - Писмо за интерeс
            - Биографија (CV)
            - Фотографија не постара од шест месеци
            - Копија од уверението за овластен сметководител
            - Потврда за завршено високо образование
            -Потврда за познавање на Англиски јазик
            -Препораки од компании каде е стекнато искуството
Документите  да се достават  на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] или по пошта на адреса ул. Индустриска бр.30-Битола п.фах:185
Нема да бидат земени во предвид кандидатите кои немаат Уверение за овластен сметководител и кандидатите кои немаат изготвено и потпишано две завршни сметки во предходното искуство.
Одбраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »