Инжeнер - Словенија

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Опис на компанијата

Групацијата Comita е сојуз на руски и европски компании кои го комбинираат интелектуалниот и индустрискиот потенцијал со цел да развијат иновативни системски решенија од областа на телекомуникациите, автоматизацијата на процесите, метрологијата, безбедноста, енергетската ефикасност и индустриското осветлување.

Во име на нашиот клиент, Декра ја огласува следната работна позиција: 

 

Инженер од областа на индустриска автоматизација - М/Ж со локација во Крањ, Словенија

 

Опис на работно место:

  • Подготовка на системски решенија за индустриска автоматизација во областа на енергетиката;
  • Планирање, тестирање и пуштање во употреба на системите за автоматизација во производните простории на компанијата и на терен;
  • Грижа за непрекинат развој на системските програмски и машински решенија од областа на индустриската автоматизација;
  • Изработка на функционални и технички спецификации зависни од проектот;
  • Изработка на проектна документација;
  • Работа со графички поддржани програми за конструирање и документирање (на пример AutoCAD, MS програми итн.).

 

Потребни квалификации:

  • Завршен VII степен студии од техничка област;
  • Пожелно е работно искуство во областа, но не е задолжително;
  • Пожелно е искуство од областа на проектен менаџмент;
  • Пожелно е искуство со програмирање на контролори (предност ќе имаат кандидатите кои ги познаваат Siemens контролорите);
  • Добри компјутерски познавања;
  • Возачка дозвола Б категорија.

 

Професионални знаења и способности:

  • Пожелно е поседување на сертификат за завршен англиски, германски или руски јазик;
  • Познавања од областа на програмирање или дизајн на системски решенија во областа на индустриската автоматизација;
  • Пожелно е познавање на системот SCADA;
  • Пожелно е познавање на алатки за електро проектирање (WSCAD, EPLAN)
  • Пожелно е поседување на сертификат за SCADA;
  • Пожелно е поседување на сертификат за WSCAD, EPLAN

 

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии на Англиски јазик можат да ги испратат на:  [најави се за да го видиш е-маилот]
Крајниот рок за аплицирање е до 09/03/2018 година.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »