Дистрибутер-Ммагационер

  • Објавен пред 3 недели
  • Дијамант93
  • Активен до 21.06.2024
  • Позиција: Возач/Управувач
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 0

Дијамант 93 Скопје

Ул . 852 бр. 62  Комплекс  Газела

Компанијата Дијамант 93 дооел е основана 1993 година и се занимава со продажба на производи за хигиена и прибор за домаќинство. Дијамант 93 почна да работи како мала, семејна фирма, но како резултат на нашето 28 годишно успешно работење и перманентниот раст, денес компанијата се вбројува меѓу големите фирми во Македонија.Компанијата ДИЈАМАНТ 93 се занимава со трговија на големо со:

  • Производи за домаќинство
  • Производи за одржување на хигена
  • Програми за купатила, сушари, даски за пеглање итн.

Позиција : Магацински работник - Дистрибутер

Опис на работното место:

  • Спремање на роба за дистрибуција по зададени порачки . 
  • Максимално внимание и грижа за стоката во магацинот,
  • Почитување на процедурите на работа.
  • Дистрибуција на производите од асортиманот на Дијамант 93 Скопје  врз основа на зададен рут план на движење .
  • Одговорност за навремена и точна достава на производите до крајната цел .
  • Одговорност за протокот на документација.
  • Редовно одржување и одговорност за возилото и опремата.

Квалификации

  • Образование минимум ССС
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Претходно работно искуство ќе се смета за предност

Лични карактеристики

  • Иницијатива, комуникативност, упорност, одговорност
  • Проактивен и професионален пристап во работата
  • Чесност и лојалност
  • Способност за работа во тим и во динамична средина

Ние нудиме:

  •  Можност за индивидуален напредок во работата и усовршување преку дополнителни обуки и тренинзи
  • Одлични услови за работа

Сите заентересирани кои имаат желба за работа во дистрибутивниот сектор ги повикуваме да  ја испратат својата професионална биографија ( CV ) - и мотивационо писмо на емаил  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »