Администратор

  • Објавен пред една недела
  • Декра
  • Активен до 25.04.2018
  • Позиција: Административен работник
  • Локација: Скопје

Отворен конкурс за позицијата:

  • Администратор 

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Спроведување административни активности, грижа за непречено фукнкционирање на канцеларијата и поддршка на целокупното административно работење;
  • Прием на пошта, архивирање, дистрибуирање;
  • Архивирање на излезна пошта, скенирање, копирање;
  • Подготовка на документација за АВРМ, пријава/одјава на вработени во АВРМ, и користење на електронскиот систем за пријава на вработени во АВРМ;
  • Подготовка на документација за ФЗО, пријава/одјава во ФЗО, документи за боледување; следење на предмети, комуникација со вработените;
  • Посета на институции (УЈП, ПИОМ, ФЗО, Централен регистар итн.) и достава на документација;
  • Подготовка на документи – персонални досиеа на вработени (годишни одмори, решенија за одмор, боледувања, разни потврди);
  • Подготовка на тендерска документација, учество и следење на јавни набавки;
  • Водење на секаков вид на евиденција од работниот однос, дневни отсуства од работа по сите основи (платени и неплатени);
  • Составување на месечен извештај за плати до заводот за статистика;
  • Обработка на доставени работни листи (евидентирани работни листи) за вработените и формирање пресметка и декларација за пресметка на плати (нето, бруто), придонеси и даноци од плати.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Завршено Високо образование;
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција;
  • Познавање на работа на компјутер (MS Office, Outlook);
  • Познавање на пишан и усен Англиски јазик.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Развиени способности за тимска работа;
  • Развиени комуникациски вештини;
  • Организираност, аналитичност и флексибилност;
  • Способност за мултитаскинг и работа со крајни рокови;
  • Професионалност, работна етика и доверливост во однос на информации и податоци. 

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги проследат на: rabota@dekra.mk.

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 19.04.2018.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју. 

КЛИКНИ