Градежни техничари во завод лабораторија

Активни огласи од Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје:

РЕФЕРЕНТ ЗА АРХИВСКО И БИБЛИОТЕЧНО РАБОТЕЊЕ

(преземи го огласот како PDF)

Посветеноста и одржувањето на највисоки стандарди на професионализам, постојаната потрага по иновативни решенија и прифаќањето на нови можности со цел постигнување на најдобри резултати, повеќе од 4 децении го издигнуваат Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје како лидер меѓу градежните компании во обезбедување специфични услуги во градежништвото.

Доколку сакате да бидете дел од успешниот тим на Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје, каде ќе можете да ја остварите Вашата визија, креативност, да го примените своето знаење и да изградите успешна кариера, аплицирајте на следниот

О Г Л А С

ЗА РАБОТНИ МЕСТА

2 (двајца) техничари во Завод лабораторија со следниве,

Неопходни компетенции:

  • средно образование ССП (градежен техничар, архитектонски техничар или хемиски техничар) 
  • со или без работно искуство
  • познавање на англиски јазик (говорење/комуникација и пишување),
  • работа со компјутери (MS Office, Internet),
  • поседување возачка дозвола Б категорија.

Работниот однос се заснова на определено време, со можност за продолжување.

Потребни способности и вештини:

  • организираност и одговорност
  • способност за тимска работа
  • лојалност, иницијативност, темелност, енергичност   
  • способност за работа под притисок и кратки рокови.

Клучни одговорности и задачи

  • одговорен е за подготвување на материјалите, алатите, опремата за  
  • изведување на сите работи поврзани со дејностите на Завод лабораторија
  • врши класификација и обработка на резултатите, техничка обработка и
  • изработува писмен извештај
  • помага и учествува во вршењето техничка контрола-надзор на објекти, проекти и испитувања и подготвува техничка документација

Ние нудиме:

  • Можност да сте дел од голема регионална компанија со утврден имиџ во градежништвото
  • Стабилност и можност за развивање
  • Одлични услови за работа – атрактивна и динамична работа
  • Професионална обука според личните потенцијали и потребите на
  • Мотивирачки месечен надоместок и пакет бенефиции.

Дневното работно време на работникот е од 8 часот до 16 часот.

Неделното работно време изнесува 40 работни часа (од понеделник до петок).

Потребните документи – мотивационо писмо, СV, диплома, потврди и др. да се достават во Архивата на ГИ Македонија АД, ул.Дрезденска бр.52 Скопје или преку електронска пошта на [најави се за да го видиш е-маилот]

Телефон за контакт 02/3091-945

Огласот трае 30 (триесет) дена од неговото објавување.

Изборот на кандидатите ќе биде извршен согласно член 23 од Законот за работни односи.

Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција.

Известување за приватност на кандидатите за вработување

Опис на процесот на обработка на лични податоци

Селекција на кандидати за вработување во ГИ МАКЕДОНИЈА АД Скопје

Правен основ

Закон за заштита на личи податоци РСМ бр.42 од 16.02.2020

Контролор

Градежен Институт МАКЕДОНИЈА АД Скопје             (посетете ја нашата web страна www.gim.com.mk)

Кои лични податоци ги обработуваме и кој има пристап до нив

Вршиме обработка на личните податоци кои ги имате наведено во Вашата лична биографија

Пристап до Вашите лични податоци имаат вработените и менаџерите одговорни за спроведување на процесот за избор на кандидати и Генералниот директор

Од каде ги добиваме Вашите податоци

Преку Вашата апликација на vrabotuvanje.com.mk или

[најави се за да го видиш е-маилот]

Зошто ги обработуваме Вашите податоци

Вашите лични податоци ги обработуваме за да избереме соодветен кандидат за отворената работна позиција

Колку време ги чуваме вашите лични биографии

Во период од 6 (шест) месеци од денот на завршување на огласот

Право на жалба за начинот на обработка на Вашите лични податоци

Доколку имате забелешка во однос на обработката на Вашите лични податоци можете да го конрактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци на e-mail адресата [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »