Менаџер за Промоција

За здравјето вреди

Секој ден,нашата сила и најсилни напори ги посветуваме на здравјето.Секој чекор во Нобел,создава вредност во здравството.  

Нобел Илач е основана во 1964 година. Денес, Нобел работи со вкупно пет производствени објекти и спроведува промотивни и продажни активности преку свои претставништва во повеќе од 20 земји низ светот.

Имајќи кадар од околу 3000 вработени кои се експерти во нивните области, Нобел извезува свои производи во 50 земји.

Нашата мисија “Да се ​​подобри квалитетот на човечкиот живот” со тоа што работиме со мотото „Сè вреди за здравјето“, и нашата визија “Да се ​​обезбеди пристап до сигурни, висококвалитетни производи за човековото здравје ширум светот“, се двигателот кој го одредува и пристапот кон нашите човечки ресурси.  Ние ја цениме личната сатисфакција го вреднуваме и подржуваме задоволството на вработените, го вреднуваме нивниот труд и допринос и вложуваме во нивниот развој и доусовршување.

“Достојни за Вас”, на вработените во Нобел им нудиме работна атмосфера каде владее чувство за припадност и желба за работа, истовремено овозможуваме едукативна и кариера на која нашите вработени се гордееат.

Придружете се на нашиот динамичен тим.Посветени сме на нашата цел да го подобриме квалитетот на животот на луѓето, со ефективни и висококвалитетни производи произведени според меѓународните стандарди.

Како што го прошируваме нашиот досег и влијание, бараме талентиран менаџер за маркетинг и промоција кој ќе ги предводи нашите промотивни напори и ќе го придвижи нашиот бренд напред.

ШТО БАРАМЕ:   Менаџер за Промоција 

Клучни одговорности:

  • Развива и спроведува сеопфатни промотивни  стратегии со цел зголемување на свесноста за брендот,  потенцијални клиенти и ја поттикнува продажбата.
  • Управува со имплементација на промотивни активности преку различни канали, вклучувајќи дигитални, печатени, социјални медиуми, настани и партнерства.
  • Ги следи  и анализира трендовите на пазарот, однесувањето на потрошувачите и активностите на конкурентите  со цел идентификација  на можностите за раст и развој.
  • Учествува  во креирањето на буџетот за маркетинг и промотивни активности и раководи со истиот.
  •  Го  организира и надгледува процесот на нарачки на маркетинг материјали, обезбедувајќи конзистентност во пораките и брендирањето.
  •  Ги следи и оценува перформансите на маркетинг иницијативите, обезбедувајќи увид и препораки за оптимизација.
  • Гради и одржува односи со сите засегнати страни, вклучувајќи клиенти, продавачи и медиуми во  фармацевтската индустрија.
  • Менаџерот за  промоција е во постојан тек со развојот на фармацевтската индустријата  и води сметка за законската усогласеност.
  • Менаџира со вработените во својот сектор,  организира обуки за проефсионален раст и развој,  го координира, мотивира и контролира тимот.

Пријавените кандидати треба да ги исполнуваат следните услови

  • Дипломиран  доктор/магистер по фармација.
  • Работно искуство во областа на фармацевтската индустрија и познавање на законската регулатива во областа со најмалку 3 годишно искуство.
  • Докажано искуство во маркетинг и промоција, со минимум 3 години во менаџерска улога.
  • Искуство во развивањето и извршувањето на ефективни маркетинг кампањи кои носат мерливи резултати.
  • Искуство со маркетинг софтвер и алатки, вклучувајќи CRM системи и аналитички платформи.
  • Oдлично познавање на MS Office пакет програми и апликации
  • Одлично познавање на англиски јазик (усна и писмена комуникација), турски ќе се смета за предност.

Од кандидатите се очекува да ги поседуваат следните вештини, способности и лични квалитети:

  • Одлични комуникациски, интерперсонални и лидерски вештини.
  • Силни аналитички вештини со способност за интерпретација на податоци, извлекување заклучоци и донесување  на одлуки водени од податоци.
  • Креативен мислител со страст за иновации и решавање проблеми.
  • Способност да напредувате во брзо темпо, колаборативно опкружување и да управувате со повеќе проекти истовремено.
  • Способност за ефикасно работење во канцелариска средина, индивидуална и тимска работа.
  • Способнот за добро управување со времето и поставување на приоритети.
  • Работа со дадени рокови.

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентна плата пропорционална на искуство.
  • Можност за кариерен развој.
  • Едукации за стручен и личен развој.
  • Поддршка и инклузивна работна средина која ја цени различноста и тимската работа.
  • Работен однос: полно работно време во траење од 40 (четириесет) часа неделно.
  • Работно време: од 08.30 до 16.30h, од понеделник до петок.             

Придружете ни се во обликувањето на иднината на Нобел Илач, придружете ни се  во остварување на нашата цел да го подобриме квалитетот на животот на луѓето правејќи значајно влијание во индустријата!

Нобел Илач е работодавач со еднакви можности и е посветен на различноста на работното место. Ги охрабруваме сите квалификувани поединци да достават биографија на македонски јазик и англиски јазик со назнака  Менаџер за  Промоција на   [најави се за да го видиш е-маилот] .

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »