Главен инженер на Одржување

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Во име на нашиот клиент- ОКТА АД- Скопје, членка на една од водечките енергетски групации во Југоисточна Европа – Групацијата Хеленик Петролеум и воедно најголем снабдувач на горива во земјата и предводник во промовирање на одржлив развој и енергетска транзиција, ДЕКРА ја огласува позицијата:

  • Главен инженер на Одржување

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Организација, координација и контрола на извршувањето на работните задачи на служба Одржување, односно одделенијата за машинско, електро и градежно одржување засновани на порачките за работа и плановите за превентивно одржување, воспоставување на приоритети на истите во координација со корисниците;
  • Учество во реализацијата на проекти како Водител на проект;
  • Координација на проектните активности на инженерите од службата Одржување;
  • Комуникација со надворешни компании и координација на сите активности за одржување во кое се вклучени надворешни компании и вработени од интерното одржување;
  • Изготвување на извештаи за месечните работни активности;
  • Изработка на буџети за оперативни трошоци и инвестиции (спецификација на материјали и трошоци), како и следење на тие трошоци;
  • Изработување работни упатства и процедури, нивна измена и дополнување;
  • Примена на законски и други прописи од одредена област;
  • Други работи и работни задачи во доменот на стручната квалификација по налог на претпоставениот.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Висока стручна спрема – ВСП, Машински факултет или Факултет за Електротехника;
  • Најмалку 10 години релевантно работно искуство во областа на Одржување;
  • Пожелно работно искуство во индустрија, која вклучува делумно слична опрема споредена со Инсталација за складирање, истовар и утовар на деривати;
  • Пожелно работно искуство на раководна позиција која ги вклучува сите дисциплини на одржување (машинско, електро и градежно);
  • Познавање MS Office (Excel, Word, Power Point);
  • Познавање CAD – софтвер;
  • Познавање деловен англиски јазик;
  • Возачка дозвола, Б-категорија.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Kомуникациски и организациски вештини;
  • Вештина за донесување одлуки;
  • Способност за решавање проблеми;
  • Ориентираност кон тимска работа;
  • Time management вештини;
  • Aналитички способности;
  • Одговорност и кооперативност;
  • Доверливост и лојалност;
  • Способност за самостојна работа со минимум насочување од претпоставените;
  • Способност за работа под притисок;
  • Физички во можност да ги контролира работите на отворено, на висина и при испарувања на нафтени деривати.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Клиентот нуди работа во позитивна и конкурентна работна средина со можност за континуирано учење и професионално надоградување.

Доколку сте заинтересирани за отворената работна позиција, своите професионални биографии можете да ги испратите на: rabota.arbeit.mk@dekra.com

Крајниот рок за аплицирање е : 19/09/2022

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »