Техничар за аудио и видео настани

За компанијата: The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок... повеќе за компанијата »

Job Good! Life Good!

The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок менталитет во менаџментот на човечки ресурси и нашата основна дејност се кадровски решениа за барателите на работа и работодавачите.

За потребите на нашиот клиент реномирана компанија од IT индустрија, бараме:

ТЕХНИЧАР ЗА АУДИО И ВИДЕО НАСТАНИ

Кандидатот на оваа позиција е техничко лице, одговорно за звук, ракување со аудио и видео опрема.

 Опис на работното место:

  • Координација на настаните согласно барањата за аудио, видео и осветлување
  • Поставување на видео и аудио кабли
  • Поставување и инсталирање микрофони, светла, видео монитори, проектори, звучници и видео камери.
  • Спроведување на звучни, визуелни и квалитетни проверки на опремата
  • Следење и проверка на опремата според прописите за безбедност и здравје
  • Работење со звучна и визуелна опрема за време на настани во живо
  • Решавање на проблеми со опремата и обезбедување непречено одвивање на настаните
  • Одржување добра комуникација со клинетите
  • Расклопување аудио и видео опрема и пакување по настан

Потребни квалификации:

  • Минимум ССС
  • Минимум 3 години самостојна работа на исти или слични позиции  
  • Комуникативност, исполнителност, одговорност, лојалност
  • Одлични организациски способности
  • Ефективност, ефикасност, прецизност и навременост
  • Тимска работа и кооперативност
  • Одлично познавање на Англиски Јазик
  • Познавање на MS Office
  • Возачка дозвола Б категорија

Плата: Компетитивна

Заинтересираните кандидати ги покануваме да аплицираат! Доколку имате прашања  поврзани со апликациите, контактирајте ја Ѓ-ѓа Јулијана Миновска на +389 71 370 151 (Понеделник-Петок) или испратете email на  [најави се за да го видиш е-маилот]  


Пробајте го The HeadHunter за вашиот успех!
Доверете ја вашата кариера на ВИСТИНСКИТЕ професионалци!

Ве молиме бидете информирани дека само кандидатите селектирани за интервју ќе бидат контактирани. При аплицирање напомнете ја позицијата за која аплицирате

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »