Не е јасно како е настаната метафората „ние сме семејство“. Најверојатно, некој добронамерен извршен директор сакајќи својата компанија да ја прикаже како семејство. Со текот на времето, се повеќе и повеќе корпоративни лидери почнаа да ја користат фразата „како семејство". Но кога компаниите премногу го употребуваат зборот „ние сме семејство", тоа всушност може да направи штета на компанијата, нејзината култура и морал.
Сепак, компанијата не е семејство. И уште повеќе - компанијата не треба да се обидува да биде семејство.
Кога компаниите премногу го употребуваат зборот „семејство", резултатите ретко се позитивни. Навистина, притисокот за семејни нивоа на посветеност всушност може да направи штета на компанијата нејзината култура и морал.
Злоупотребата на метафората „ние сме семејство“ на работа може да доведе до неколку начини на кои вработените можат да страдаат. Еве три посебно кои се истакнуваат.
- Работните граници на вработениот се занемаруваат.
- Посветените вработени се земаат „здраво за готово“.
- Вработените кои заминуваат се означени како предавници.
Што не е во ред со тоа да си тим наместо семејство?
Намерата зад означувањето на компанијата како семејство можеби би била позитивна – доколку организациите и лидерите сакаат силна култура составена од вработени кои се поврзани еден со друг и кои се охрабруваат меѓусебно во постигнување на нови нивоа на перформанси.
Но ако тоа го сакаме, што не е во ред со тоа што го нарекуваме тим? Силните тимови го испорачуваат токму тоа. И без разлика дали сте во компанија која премногу ја употребува метафората „ние сме семејство“ или не, еве неколку активности кои можете да ги преземете за да изградите посилен тим.
1.Предефинирајте ја вашата работна цел. Една од причините за компаниите кои ја избираат метафората „ние сме семејство“ е едноставниот обид да се зближат заедно луѓе, тимови и организации. Но, како што сите знаеме, само велејќи „ние сме семејство“ не е доволно да се изградат силни врски.
2. Поставете јасни граници. И покрај тоа што почетокот е секогаш охрабрувачки во нагорна линија, да имаш вработени кои се посветени не е секогаш позитивно бидејќи линијата помеѓу посветените и не доволно ангажираните вработени е неверојатно тенка.
3. Прославувајте ги заминувањата. Без разлика колку се ангажирани вработените во компанијата, повеќето од нив на крајот ќе продолжат понатаму.