Промовирани огласи »

ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2

Во моментов вработуваат:

СТОЛАРИ
МЕХАНИЧАРИ
ЗАВАРУВАЧИ
ИНСТАЛАТЕРИ - ОПШТИ МОНТЕРИ
ЕЛЕКТРИЧАРИ

Сите други огласи од ВАН ХООЛ видете ги ТУКА

BUSHI RESORT & SPA се наоѓа на одлична локација во срцето на градот - античката Стара чаршија - ова уникатно одморалиште со 5 ѕвездички во Скопје „Буши хотел & СПА“ се наоѓа веднаш до најпознатите градски атракции како Старата чаршија, џамијата Мустафа Паша, црквата Свети Спас, Националниот музеј и е на само неколку чекори од главните амбасади, државните институции и деловните згради.

Во моментов вработуваат:

ХОТЕЛСКИ ПЕРСОНАЛ

MAJOREL дизајнираат, градат, и испорачуваат целосно корисничко искуство за некои од најпочитуваните компании во светот – родени од дигиталната ера и вертикално-брендирани.  

Во моментов вработуваат:

CUSTOMER SERVICE REPRESENTATIVE - ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК
LOCAL INFORMATION SECURITY OFFICER

АРС СТУДИО е основано во 2000 година. Од скромните почетоци како центар за едукација на деца и возрасни, за брзо време скокнаа во бурните преведувачки води и пловејќи по бранот на барањата на љубителите на пишаниот збор, денес се сосредоточени на тоа да ги приближат врвовите од стручната литература и ѕвездите меѓу книжевните дела до македонските читатели.

Моментално имаат отворени работни позиции за:

УРЕДНИК ВО ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ
ПРОФЕСОР ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК
ДЕЛОВЕН АСИСТЕНТ
ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОДАЖБА

SENATOR е компанија чија основна дејност е коцкање и обложување во вкупно 50 подружници- автомат клубови за игри на среќа во главниот град, а исто така и во поголемите градови низ државата.

Во моментов вработуваат:

ХОСТЕСИ - ШАНКЕР/КИ- КАСИЕР/КИ - СКОПЈЕ

OFFICE PLUS е водечка компанија во Македонија за продажба и дистрибуција на канцелариски материјали, ИТ, канцелариски мебел, промоција, патни торби и училишна опрема. Компанијата работи на сите канали на дистрибуција: трговија на големо и мало, продажба по каталог и работи на решение за продажба преку веб шоп.

Во моментов вработуваат:

ПРОДАЖЕН РЕФЕРЕНТ - СИТИ МОЛ
ВОЗАЧ
СИСТЕМ АДМИНИСТРАТОР
ПРОДАЖЕН РЕФЕРЕНТ

EQUILIBRIUM DAY & NIGHT е новоотворен ресторан кој се наоѓа во срцето на градот Скопје. 

Во моментот имаат потреба од персонал за следниве работни позиции:

ГОТВАЧ/КА
САЛАТЕР/КА
САДОМИЈАЧ/КА
ПОМОШНИК ВО КУЈНА
ВОЗАЧ/ДОСТАВУВАЧ

За сите останати активни огласи од EQUILIBRIUM DAY & NIGHT кликнете ТУКА

FIBERNET е македонска компанија основана во 2005 година. Во периодот од 15 години, па до денес, компанијата прерасна и постана препознатлив бренд во ИТ секторот.

Во моментов вработуваат:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ (HR)

SGP GROUP е иновативна холдинг компанија за медиуми, технологија и инвестиции, основана во Јоханесбург, Јужна Африка. SGP Group има коосновано компании кои ќе влијаат и ќе ги нарушат нивните соодветни индустрии како што е компанијата во Македонија.

Во моментов вработуваат:

ОПЕРАТОР - ЛОКАЦИЈА ВЕЛЕС
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ (HR)

Промовирани огласи »

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од полноќ се намалува за 3,00 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Новата цена на овој енергенс ќе биде 90,50 денари за литар.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат. 

Промовирани огласи »

Важноста на трудот како нераскинлив дел од човековото битие најдобро се согледува токму во процесот на производството и создавањето на материјални добра, каде работникот учествува лично и непосредно, како и со својата лична работна активност преку работниот однос, кој пак претставува севкупност од физичките и духовните способности, секогаш кога произведува употребни вредности од секаков вид.

Обезвреднување на трудот е предизвик со кој се соочуваат многу работници. За да се изборите со своите права потребно е да бидете јасни и конструктивни со своите претпоставени.

Неколку совети како полесно да се справите со обезвреднување на трудот:

  • Бидете јасни за вашите работни обврски;
  • Разговарајте со вашиот претпоставен;
  • Изнесете ги вашите факти за завршената работа;
  • Не се конфројтирајте агресивно, се што сакате да изнесете и разјасните сторете го тоа со мирен тон.

Обезвреднувањето на трудот на еден работник кој неминовно и лојално ја извршува својата работа е еден од најранливите сегменти во културата на компаниите како и воопшто на пазарот на труд.

Промовирани огласи »

Што ја прави една компанија атрактивна за младите кои бараат работа? Работната средина, компаниската култура, тимскиот дух, платата, останати бенефиции се дел од критериумите на барателите на работа. Во денешно време една од клучните работи на кои младите се фокусираат е тимот со кој ќе работат и позитивната работна култура која што ќе им донесе задоволство и исполнување на кариерните аспирации.

Работна средина која им дава можност за лично и професиоанлно надоградување, континуирано учење и креативно изразување. Средина каде вработените ќе бидат вреднувани и слушнати.  Како и останати бенефити преку кои вработените може да се релаксираат и развиваат на професионален и личен план.

Да се најде работно место кое ги исполнува овие услови, не секогаш е лесно.
Затоа како насока каде може да го барате и најдете вашето идно работно место, го споделуваме искуството на Павлинка Василева кој работи како Специјалист на корисничка поддршка во Мајорел, една од компаниите која им овозможува на вработените кариерен раст и развој во позитивна средина која дава поддршка и поттикнува напредок

Зошто го избра Мајорел како твој работодавач?

Можноста да бидеш дел од една интернационална компанија со над 78 000 вработени на светско ниво, едноставно не се испушта. Самиот опис на Мајорел кажува за кариерниот развој кој го нуди компанијата. Токму затоа го избрав Мајорел како мој работодавач, заради можностите за напредок на професионален план со простор за слободно индивидуално изразување на квалитетите и знаењата.

Какво е твоето досегашно работно искуство во Мајорел?

За моето досегашно искуство во Мајорел со голем ентузијазам можам особено да ја нагласам приликата за кариерен раст со одлични колеги, крајно професионални во својата работа, од кои можеш многу да научиш, а сепак имаш простор креативно да се изразиш и надоградиш. На кратко, пријатна и прекрасна работна средина во која секој човек со амбиција и креативност би уживал да работи.

Што го прави работно искуство во Мајорел уникатно?

Поддршката и разбирањето која константно ја добиваш, придружени со одлична работна средина го прави моето работно искуство во Мајорел уникатно. Посебно ќе го истакнам тимскиот дух кој преовладува во секојдневното работење, едноставно сите сме сплотени во една целина, секогаш отворени за секое мислење, за секое искуство, за секој проблем и секогаш овде еден за друг со цел заедно да ја надминеме било која потешкотија.

Која е твојата препорака за заинтересираните кандидати?

Му препорачувам на секој кој има желба за кариерен раст, амбиција и идеја да се приклучи на тимот на Мајорел. Мајорел дава посебен акцент и вредност на сечиј труд и секоја вештина која еден вработен ја поседува. Единствен услов е познавањето на германски и англиски јазик, а за возврат добиваш едно ретко и неповторливо искуство.

Мајорел е интернационална компанија со повеќе од 78 000 вработени во 41 земја ширум светот, обезбедува корисничка поддршка за едни од најпознатите светски брендови. Канцеларијата во Скопје обезбедува корисничка поддршка на германски и англиски јазик за клиент од туристичката индустрија.

Мајорел вработува без работно искуство, единствен услов е одлично познавање на германски и англиски јазик. Доколку сакате да станате дел од Мајорел, може да аплицирате на следниов линк.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »