Промовирани огласи »

Глобалните цени на храната во април пораснаа. Поскапеа шеќерот, месото, оризот.

Глобалниот индекс на цените на храната сега е на 20 отсто повисоко ниво од рекордот постигнат во март лани по руската инвазија на Украина. Тој индекс на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), кој ги следи цените на најтргуваните прехранбени производи во светот, минатиот месец во просек изнесуваше 127,2 поени, наспроти 126,5 поени во март.

Индексот на цените на шеќерот скокна за 17,6 отсто во однос на март и достигна највисока вредност од октомври 2011 година. ФАО е загрижен поради намалената понуда по надолното ревидирање на производството во Индија и Кина, како и пониското производство во Тајланд и Европската унија (ЕУ).

Индексот на месото е повисок за 1,3 отсто на месечно ниво, а цените на млечните производи поевтинија за 1,7 отсто, растителното масло за 1,3 отсто, а житарките за 1,7 отсто. Откако почна војната во Украина, цените на храната скокнаа, а потоа се случи стабилизирање, но сега пак има пораст. 

foto freepik.com

Промовирани огласи »

Британскиот крал Чарлс денеска ќе биде крунисан во Вестминстерската опатија, на симболична церемонија која е комбинација од верска служба и славење.

Тој ќе биде крунисан заедно со Камила, сопругата на кралицата, што ќе го направи 40-тиот владејачки монарх крунисан во опатијата од 1066 година.

Сепак, Чарлс ќе остане запаметен како наследник со најдолг стаж во британската историја, откако помина седум децении како прв во редот за тронот, пишува Sky News.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,86% во однос на одлуката од 2.5.2023 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.05.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 78,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 80,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 66,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,455 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.05.2023 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 39,620 ден/кг.

Од 6.5.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 78,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 80,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,00 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 66,00 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 39,620 (денари/килограм)
  •  

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Флекс Кредит ДОО Скопје е небанкарска финансиска институција. Компанијата обезбедува брзи потрошувачки кредити/заеми, преку онлајн аплицирање и преку филијали рапространети низ целата територија на државата.

Моментално вработува:

ТИМ ЛИДЕР – КУМАНОВО
ТИМ ЛИДЕР - СКОПЈЕ / ИЛИНДЕН
ИТ ТЕХНИЧАР
ОПЕРАТОР ЗА ТЕЛЕФОНСКА НАПЛАТА НА ДОЛГОВИ
ОПЕРАТОР ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР
АГЕНТ ЗА ТЕРЕНСКА НАПЛАТА – НЕГОТИНО
ТИМ ЛИДЕР – ОХРИД

УНИЦЕФ е основан пред повеќе од седумдесет години за да одговори на критичните потреби на децата. Како организација е задолжена да се грижи за правата на децата низ целиот свет.

Моментално вработува:

EDUCATION OFFICER, NOA, TA

ВАРУС ДООЕЛ од Скопје е едно од првите приватни друштва за промет на големо со лекови, хемикали, реагенси, лабараториски потрошен материјал, опрема и медицински помагала, основано во 1990 година, со цел да ги задоволи барањата на потрошувачите.

Моментално вработува:

МАГАЦИОНЕР
МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК

ГЕМА ИНЖЕНЕРИНГ е градежна фирма и претпријатие кое се бави со проектирање, инженеринг, ентериер - уредување и реновирање.

Моментално вработува:

ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР

Paket.mk е интернет супермаркет кој ви овозможува избор на повеќе од 4.000 намирници достапни за достава истиот ден.

Моментално вработува:

ДОСТАВУВАЧИ

ТТК БАНКА АД Скопје е успешна универзална банка која функционира со стабилен позитивен раст преку широко распространетата мрежа на филијали и експозитури.

Моментално вработува:

ПОМЛАД БЛАГАЈНИК ВО ФИЛИЈАЛА КУМАНОВО

Цермат ДОО од Битола датираат од 1995 година кога е основана како фирма во приватна сопственост за производство на сладолед. Како современа европска компанија ги следи светските трендови со постојано усовршување во уметноста наречена сладолед.

Моментално вработува:

РАБОТНИЦИ ВО ПРОИЗВОДСТВО – БИТОЛА
АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК ВО СМЕТКОВОДСТВО И ФИНАНСИИ – БИТОЛА
ДИСТРИБУТЕР/ДОСТАВУВАЧ – БИТОЛА
АСИСТЕНТ ЗА МЕЃУНАРОДНА КОРЕСПОНДЕНЦИЈА – БИТОЛА
ПЕРСОНАЛ ЗА РАБОТА НА ОДРЖУВАЊЕ НА ДВОРНО МЕСТО – БИТОЛА

Gulf е најбрзорастечка компанија во светот на нафтените деривати, лубрикантите и маслата за возила, а во моментов работи во повеќе од 100 земји ширум светот.

Моментално вработува:

ПОМОШНИК СМЕТКОВОДИТЕЛ
ОДГОВОРНО ЛИЦЕ ВО МАРКЕТ НА БЕНЗИНСКА ПУМПА – ГЕВГЕЛИЈА

Casumo е основана во 2012 година и оттогаш ги предводи иновациите во iGaming индустријата.

Моментално вработува:

RISK, FRAUD AND PAYMENTS MANAGER
FINANCE OFFICER -PROCUREMENT

Доколку се уште сте во потрага по вашето иеално работно место, сите останати активни огласи за вработување можете да ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »