Промовирани огласи »

Програма Зегин Младина - ОД ПРАКСА ДО ВРАБОТУВАЊЕ

Изминатиов период компанијата Зегин заедно со новата програма „Зегин Младина” беа дел од повеќебројни училишта и од оваа година компанијата стана дел од дуалниот систем на образование и склучи меморандум за соработка со четири средни училишта а тие се:

ОСМУ "Д-р Јован Калаузи" - Битола
ССОУ „Димитрија Чуповски” – Велес
СОУ „Јане Сандански” – Штип
ДСУ-РЦСОО „Киро Бурназ“ Куманово

Програмата „Зегин Младина” е платформа креирана специјално за средношколци и студенти. Истата вклучува уникатен начин на учење преку игра, надополнување на знањата преку тренинг центар, менторство и практикантство.

Програмата е одличен начин студентите да се запознаат со пратикантво во Зегин аптеките за време на средношколските денови и вработување за студентите од четврта година.

Претставници од Човечки Ресурси и Регионални менаџери на аптеките, имаа можност да се запознаат со учениците од средните школи СМУГС„Панче Караѓозов”- Скопје и СУГС „Марија Кири Склодовска” – Скопје, СОУ „Јане Сандански” – Штип и ССОУ „Димитрија Чуповски” – Велес, како и да се запознаат со студентите од Државниот универзитет во Тетово на организираниот отворен ден на ректоратот.

Настаните се од исклучително значење за компанијата Зегин и се еден доказ кој покажува дека она на кое што вработените неуморно работат е од огромна помош за средношколците и студентите. Самото тоа претставува огромно задоволство и мотив за понатамошни успеси.

Она кое што би го издвоиле е првото учество на конкурс за избор и доделување на HR-награди за 2023 година во организација на Македонската Асоцијација за Човечки Ресурси каде компанијата Зегин го освои второто место во категорија Најпопуларна HR Практика на годината - „HUB#MЛАДИНА”.

Зегин како и секогаш не ги изоставува хуманите аспекти па така ги поддржа и додели стипендии на 6 редовни студенти од социјално загрозени семејства, запишани во прв циклус студии на Фармацевтски факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј” –  Скопје во академската 2023/2024 година.

Со оглед на тоа што во план се и други активности кои следат и се дел од програмата „HUB#MЛАДИНА”, за постојано да бидете во тек со сите новости кои се случуваат во компанијата Зегин, а се насочени кон подобрување на местоположбата на Фармацевтите во општеството, следете ги на социјалните мрежи Facebook – Зегин Кариера, Instagram – Zegin Kariera, - LinkedIN – ЗЕГИН Ваша Семејна Аптека.

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Хотелот „Мериот“ е луксузен хотел на плоштадот Македонија кој нуди традиција и искуство кое ќе го направат вашиот специјален ден незаборавен.

Моментално вработува:

КООРДИНАТОР НА НАСТАНИ (ЗАМЕНА ЗА ПОРОДИЛНО ОТСУСТВО)/ COORD-EVENTS (MATERNITY COVER)
ХАУСМАЈСТОР/ MAINTENANCE

СОБАР/ HOUSEMAN
ХИГИЕНИЧАР/КА/ PUBLIC CLEANER

Сите останати работни позииции на Мериот можете да ги најдете ТУКА.

„Гранд – Експорт“ е основана во 1992 година во Скопје и на пазарот во Република Северна Македонија и во регионот на Југоисточна Европа етаблирана како брзорастечка приватна компанија. Формирана е и раководена од професионалци со истакнато искуство и знаења во трговијата и дистрибуцијата.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ СО Б КАТОГОРИЈА
ВОЗАЧ СО Ц КАТЕГОРИЈА
ОПШТ РАБОТНИК ВО МАГАЦИН

ВОЗАЧ Ц КАТЕГОРИЈА

Сите останати работни позииции на Гранд – Експорт можете да ги најдете ТУКА.

ПРОФИ КРЕДИТ Македонија е дел од меѓународната финансиска групација Profireal Group која почнува со работа во 1994 година и својот бизнис го шири со канцеларии во Чешка, Полска, Словачка, Бугарија, Русија и Филипини. Во Р.С Македонија, компанијата почнува со работа од Фебруари 2023 година и се стреми да биде една од водечките финансиски компании во РС Македонија.

Моментално вработува:

ЕКСПЕРТ ЗА КРЕДИТИРАЊЕ - СКОПЈЕ
ЕКСПЕРТ ЗА ПОЗАДИНСКО РАБОТЕЊЕ - ДИРЕКЦИЈА

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

АНИТЕРМ е овластен застапник на познатата американска компанија Inventor за Р.Македонија.Со нашето долгогодишното искуство во областа на климатизација добивате изведба на долготрајни, ефикасни и квалитетни решенија за Вашиот дом, канцеларија или пак индустриски објект.

Моментално вработува:

ПОМОШНИК НА СЕРВИСЕР - МОНТЕР НА КЛИМА УРЕДИ

Цермат датира од 1995 година кога е основана како фирма во приватна сопственост за производство на сладолед. Како современа европска компанија ги следи светските трендови со постојано усовршување во уметноста наречена сладолед.

Моментално вработува:

OFFICE ASSISTANT (АСИСТЕНТ НА КАНЦЕЛАРИЈА) - БИТОЛА
АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ ВО ПРОИЗВОДСТВО - БИТОЛА
РАБОТНИЦИ ВО ПРОИЗВОДСТВО - БИТОЛА

Офис Плус е водечка компанија во Македонија за продажба и дистрибуција на канцелариски материјали, ИТ, канцелариски мебел, промоција, патни торби и училишна опрема.

Моментално вработува:

МАГАЦИОНЕР / СПРЕМАЧ НА АРТИКЛИ
ПРОДАЖЕН РЕФЕРЕНТ EAST GATE
ПРОДАВАЧ - КНИЖАРНИЦА АЛБИ ЦЕНТАР

Флекс Кредит Скопје е Македонска небанкарска финансиска институција, компанијата обезбедува брзи потрошувачки кредити/заеми, преку онлајн аплицирање и преку нашите филијали рапространети низ целата територија.

Сите работни позииции на Флекс Кредит можете да ги најдете ТУКА.

Во Групацијата Триглав гради силни односи со вработените, клиентите и деловните партнери повеќе од 120 години. Заедно, се стремат кон безбедна иднина во која сигурно, одговорно и лесно ги надминуваат животните предизвици.

Моментално вработува:

ЗАСТАПНИК ВО ОСИГУРУВАЊЕ

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Мрзеливоста на работното место може да биде предизвик за индивидуалната продуктивност и за целокупната ефикасност на тимот.

Еве неколку стратегии и совети за надминување на мрзеливоста и поттикнување на продуктивноста:

1. Поставување јасни цели и очекувања

  • Јасни цели: Поставете краткорочни и долгорочни цели кои се конкретни, мерливи и достижни.
  • Очекувања: Јасно дефинирајте ги очекувањата за секоја задача и улога, така што секој знае што се очекува од него.

2. Развивање на план за работа

  • Дневен план: Создајте дневен план со задачи кои треба да се завршат. Поделете ги задачите на помали, управливи делови.
  • Приоритети: Приоритизирајте ги задачите според нивната важност и итност.

3. Управување со времето

  • Техники за управување со времето: Користете техники како Pomodoro, каде што работите 25 минути, а потоа правите 5-минутна пауза.
  • Избегнување на одвлекувања: Ограничете ги одвлекувањата како социјалните медиуми, непотребни телефонски повици и е-пошта.

4. Мотивација и самодисциплина

  • Награди: Наградувајте се себеси за постигнатите цели, дури и ако се мали награди.
  • Самодисциплина: Развијте навики за самодисциплина и воспоставете рутина.

5. Организација на работното опкружување

  • Чисто и организирано: Одржувајте го вашето работно место чисто и организирано за да го намалите стресот и да ја зголемите продуктивноста.
  • Ергономија: Осигурете се дека вашето работно место е удобно и ергономски прилагодено.

6. Поттикнување на комуникацијата и соработката

  • Тимска работа: Поттикнете отворена комуникација и соработка меѓу членовите на тимот.
  • Регуларни состаноци: Одржувајте редовни состаноци за да го прегледате напредокот и да ги решите проблемите.

7. Управување со стресот и благосостојбата

  • Паузи: Правете редовни паузи за да се освежите и да ја обновите енергијата.
  • Физичка активност: Вклучете физичка активност во вашата дневна рутина, како кратки прошетки или вежби.

8. Професионален развој и обука

  • Нови вештини: Учење нови вештини и знаења може да ја зголеми вашата мотивација и да ве инспирира.
  • Обука: Учество во обуки и семинари за личен и професионален развој.

Мрзеливоста на работното место може да се надмине со комбинација на добри навики, јасни цели, ефективно управување со времето и создавање на продуктивно работно опкружување. Со примена на овие стратегии, можете значително да ја зголемите вашата продуктивност и да го подобрите вашето искуство на работа.

Промовирани огласи »

Вредноста на синдикалната минимална кошница (СМК) за јуни изнесува 60.325 денари и е зголемена за 235 денари споредено со синдикалната минимална кошница за минатиот месец кога изнесуваше 60.090. Со изнајмен стан од 60 квадрати за јуни изнесува 75.700 денари. Вредноста на СМК за јуни 2024 година во однос на јануари годинава кога изнесуваше 57.163 денари зголемена е за 3.162 денари односно за 5,5 проценти.

За храна и пијалаци синдикалната кошница во јуни годинава изнесува 21.952 денари што е 36,4 проценти од вкупната СМК и во споредба со јануари кога изнесуваше 21.007 денари зголемена е за 945 денари. За образование со синдикалната кошница за јуни се предвидени 7.022 денари (11,2 проценти), за станарина, вода, електрична енергија и греење 6.014 денари (10 проценти), за облека и обувки 4.962 (8,2 проценти), транспорт 4.871 (8,1 проценти), рекреација и култура 4.378 (7,3 проценти), ресторани и хотели 3.890 денари (6,4 проценти), лична хигиена и одржување на хигиена .827 денари, здравје 1069 денари (1,8 проценти) и за останати стоки и услуги 1.100 денари (1,8 проценти).

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »