Младински културен центар – Битола како граѓанска организација која работи на полето на намалување на младинската невработеност, по четврт пат оваа година го организираше „Саемот на кариера“ во Битола, кој се одржа на 27 ноември (среда) 2019 година во Центарот за култура Битола.
Основната цел на настанот беше информација, мотивација и едукација на преку 200 млади невработени лица од општина Битола и пошироко да аплицираат и да се вработат во брзорастечки компании, големи компании, мали и средни бизниси, иновативни бизниси и старт ап компании кои нудат слободни работни места.
Компаниите, на претходно подготвени штандови, понудија информации за слободни работни места, промотивен материјал и остварија директен контакт со посетителите на Саемот.
KARIERA.mk им посочи на посетителите како да поднесат свое CV за слободните работни позиции или да договорат интервју за работа. Со тоа на многу млади и амбициозни луѓе им помага побрзо да дојдат до своето прво работно место.