Половина Словенци не читаат ниту една книга годишно.
Словенија станува општество што не чита, намален е бројот на оние кои читаат книги на англиски јазик, но и оние кои купуваат или позајмуваат книги во Словенија во библиотеките, според истражувачите кои учествувале во проектот.
Ова го покажаа новите податоци од истражувањето „Книга и читатели” претставено на Саемот на книга во Љубљана.
Шестото такво годишно истражување направено од тим на реномирани експерти, нарачана од државна агенција за книги, не дава причина за оптимизам затоа што културата на читање опаѓа од година во година, според податоци за продажба во книжарниците и саемите на книгите и во народните библиотеки, објави љубљанско Дело.
Бројот на луѓе кои не купуваат годишно книга се зголеми за четири проценти од 2014 до 2015 година, така што сега е 53 проценти, а бројот на оние кои купуваат книги е зголемен за седум проценти, но само како подарок.
Бројот на луѓе кои читаат најмалку една книга годишно е најмал од 1973 година, откако се прави истражувањето.