МОТОЦЕНТАР ДОО СКОПЈЕ
ЕМБС: 4793404
Индустрија: Аутомото
Адреса: Бул. Србија бр. 10
Град: Скопје
Основана во 1994
Пневматикот е основата на сигурноста и комфорот на секое возило. Затоа и неговиот правилен избор и одржување се од големо значење. Токму тоа е основната определба на МОТОЦЕНТАР уште од основањето во февруари 1994 година. Денес фирмата брои 29 професионалци кои во секој момент се подготвени да Ви помогнат при изборот или надминувањето на проблемите поврзани со пневматиците.
Почетоците на МОТОЦЕНТАР се во знакот на соработката со светски реномираната фирма за протектирање на камионски гуми BANDAG, каде што се јавуваме како нејзини претставници и погон за Република Македонија. На ова се надоврзува и застапништвото на светски познатиот систем за репарација и одржување на пневматици TIP TOP, со кој што исто така работиме од самото основање. За успешна имплементација на овој систем, располагаме со обучен кадар, чија што стручност постојано се надградува преку учество на работниците на обука во Хамбург, како и со повремено доаѓање на стручњаци од странство. Во последните неколку години го проширивме опусот на работа и денес покрај репарацијата и сервисирањето на гуми, нашите активности се насочени и кон дистрибуција на сите поважни марки на пневматици. Од 2002 година сме ексклузивни застапници на реномираниот пневматик NOKIAN за Македонија, а истото право го имаме и за брендовите UNIROYAL (2003) и SUMITOMO (1999). На ова се надоврзуваат и генералните застапништва за пневматиците CONTINENTAL,SEMPERIT и MICHELIN. Оваа разновидна палета на брендови ни овозможуваат да привлечеме различни провили на купувачи од оние кои се ориентираат исклучиво според цена до оние кои бараат врвен квалитет.
Мотоцентар веќе со години гради дистрибутерска мрежа на високо квалификувани дилери низ цела Македонија така да во моментов не постои место на пазарот каде што нашите производи не се присутни. Со цел да им понудиме поголема вредност на крајните потрошувачи, од пред 2 години Мотоцентар за почна со отворање на продажно - сервисни центри низ Републиката и тоа првиот во Скопје на ул. Првомајска бр. 4(нас. К. Вода) каде има салон за гуми и сервисен дел за пневматиците и центрирање преден трап и вториот на Момин Поток бб (Качанички пат) каде можат да се услужат автомобили, полутоварни и товарни возила.
Во текот на нашето повеќегодишно работење нашиот стремеж бил и ќе биде да изградиме долгорочни и одржливи односи со нашите купувачи преку разновидни иновации, производи и услуги, се со цел да прераснеме во еден од поголемите центри за пневматици во регионот.
Моментално нема активни огласи.