Супервизор за производство

  • Објавен пред 2 недели
  • Декра
  • Активен до 18.04.2019
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје

Нашиот клиент ТЕЛАМОН, една од најголемите приватни компании во Индијана за производство на кабелски сетови за пасивни системи за безбедност од автомобилската индустрија, со 9 локации во САД, Кина и Мексико, неодамна отвори фабрика  и во Скопје, Инџиково, како  една од најповолните локации за индустриско производство, се со цел да обезбеди услуги, висок квалитет и навремена испорака за своите потрошувачи. Во име на својот клиент, Декра ја огласува следната позиција:

  •  Супервизор за прозводство

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Ефикасно управува со производниот персонал за да се обезбеди дека распоредот на производството е постигнат;
  • Задава одговорност на вработените за производство на квалитетни делови и за следење на процесот за обезбедување квалитет;
  • Поддржува секојдневните активности на одделот за производство. како на пример, поправка на склопови, соодветност на делови, тестирање за протекувања и други проблеми што можат да влијаат на квалитетот;
  • Менторство и изработка на извештаи и поддршка на тимови за квалитет одговорни за постигнување на целите на друштвото;
  • Обезбедува информации за обука и подучување на членовите на тимот за стандардни оперативни постапки, правила за систем за квалитет, правила за работа и упатства за безбедност;
  • Подетално запознавање со производствената линија;
  • Има улога на главно лице за контакт за решавање на проблеми поврзани со процесот на производство;
  • Креирање на тим од хонорарни работници (што работат на саатница) преку обука и менторство;
  • Обезбедување на навремена испорака до клиентите.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Завршено Високо Образование;
  • Минимум 4 годишно работно искуствона иста или слична позиција;
  • Искуство во синџирот на снабдување на склопови за автомобили;
  • Пожелно е искуство со концептот на Lean Производство;
  • Солидно познавање на англискиот јазик.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Способност за предводење на хонорарни работници;
  • Способност да ги идентификува можностите за подобрување, како и обезбедување решенија;
  • Способност за читање и разбирање на печатени изданија;
  • Поседува технички и практичен пристап во решавањето на проблемите;
  • Добри комуникациски вештини и способност да работи во мултикултурно работно опкружување;
  • Подготвеност за извршување на должности надвор од предефинираниот опсег.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

* ПОЛИТИКА НА ЕДНАКВОСТ И НЕДИСКРИМИНАЦИЈА

ТЕЛАМОН е посветен на политиката за еднаквост, разноликост и инклузија.

Се водиме по начелото луѓето да не се дискриминираат по било којa основa, како возраст, посебни потреби, етничка припадност, пол, религија или сексуална ориентација.

Ги охрабруваме припадниците на сите општествени групи да аплицираат соодветно на барањата на позициите.

 

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови,  своите професионални биографии можат да ги проследат на: job@dekra.mk со назнака на позицијата за која аплицираат.

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 17/04/2019.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

КЛИКНИ