Оглас за вработување Референт за прием во осигурување

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за  професионален развој и надоградба како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.

Во согласност со нашата цел и стратегија имаме потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:

 

                                     Референт за прием во осигурување – осигурување на имот

                                                                    во Генерална дирекција

 

  • Основни работни обврски

Референтот за прием во осигурување врши истражување на пазарот на осигурување, учествува во утврдувањето на ризици при прием во осигурување на имот, учествува во изработка на Услови и Тарифи за осигурување на имот како и промена на постоечките, изготвува понуди за осигурување на имот и врши посета на клиенти, дава поддршка и ја обучува агентската мрежа во однос на осигурувањето на имот, врши анализи и предлага мерки за подобрување на техничките резултати, врши други активности за развој на осигурувањето на имот во Друштвото.

 

  • Потребни квалификации и карактеристики:

            Универзитетска диплома;

            Најмалку 3 години работно искуство во осигурување;

            Добро познавање на деловната осигурителна политика во Р. Македонија;

            Познавањето на англиски јазик е задолжително додека познавањето на турски и/или албански јазик

            ќе се смета за предност;

            Ориентираност кон клиенти;

            Одлични комуникациски вештини;

            Усогласеност со законската и интерна регулатива и почитување на рокови;

            Способност за тимска работа;

           Оринтираност кон критично размислување и решавање на проблеми.

 

Доколку сакате да станете дел од нашето Друштво, испратете ни ваше CV и мотивационо писмо на следната е-маил адреса: career@halkinsurance.com.mk, со назнака “Оглас за вработување на Референт за прием во осигурување”.

 

Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Друштвото. 

 

Напомена:  Само кандидатите што ќе влезат во потесниот круг ќе бидат повикани на интервју.

 

Огласот е активен до: 28.03.2019 година.

 

КЛИКНИ