За компанијата: „Синцеритас“ АД Скопје е фармацевтска компанија чиј фокус на работење е култивирањето и производството на канабис за медицинска намена. Работните практики и политики во нашата компанија се усогласени со...
повеќе за компанијата »Сениор Аналитичар во Контрола на квалитет
Задолжително е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови:
- Факултетска диплома по фармација, хемија, технологија, биологија или сродна област.
- Напредна диплома (магистерски, докторски, специјалистички студии се смета за предност)
- Минимум 2 години работно искуство во лабораторија за КК
- Одлично познавање на применливи аналитички методи и постапки
- Одлично познавање на процеси за работа во фармацевтска лабораторија за контрола на квалитет, ДПП, ДЛП
- Добро познавање на пишан и говорен англиски јазик.
Одговорности и работни задачи:
- Координира активности кои спаѓаат во доменот на контрола на квалитет на влезни супстанции, амбалажа, меѓупроизводи и готови производи во согласност со барањата на ДПП.
- Проверка на сертификати од анализа
- Ги имплементира барањата на ДПП и ИСО
- Ги координира активностите поврзани со евиденција на секој прием на аналит за контрола на квалитет
- Ја следи стабилноста на финалните производи и изработува студии на стабилност
- Активно учествува во развивањето на аналитичките методи и валидација на истите
- Го контролира чувањето на контра примероци од извршени анализи
- Проверува дали архивирањето на документацијата се спроведува согласно со воспоставениот Систем за управување со документација.
- Го координира и проверува правилното функционирање и одржување на инструментите и лабораториската опрема.
- Изведува периодични калибрации, квалификации и изготвува извештаи од спроведените активности.
- Изработува упатства за работа со инструменти и лабораториска опрема.
- Ги проверува безбедносните стандарди и чистота на лабораторијата
- Врши обука на нови кадри во КК за спроведување лабораториски процедури и анализи
Од кандидатите за бараната позиција се очекува да ги поседуваат следните вештини, способности и лични особини:
- Способност за самостојна и тимска работа со научен и технички персонал
- Способност да работи под минимален надзор и можност за флексибилност кон обемот на работа врз основа на промена на приоритети
- Самомотивиран, ориентиран кон детали и спремен да прифати дополнителни одговорности
- Способност за критичко размислување и поседување вештини за решавање проблеми.
- Одлични интерперсонални, вербални и писмени комуникациски вештини.
Дополнителни информации:
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »