За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти...
повеќе за компанијата »World Medicine е група на компании со централна канцеларија во Лондон, која вклучува компании со идентично име во Велика Британија, Грција, Бугарија, Турција и други земји. Се занимава со развој, производство и продажба на фармацевтски производи, а постои во повеќе од 35 земји во светот. World Medicine İlaç Sanayi ve Ticaret A.Ş. е една од овие компании лоцирана во Истанбул, Турција, која развива и произведува лекови од различни терапевтски категории.
За повеќе информации, посетете ја компаниската веб-страна: https://worldmedicine.com.tr
За потребите на претставништвото на компанијата во Скопје, потребен е:
МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК / СТРУЧЕН СОРАБОТНИК
Цели и одговорности на работното место:
- Остварување на зададените цели на својот терен;
- Ефективно промовирање на портфолиото за кое е одговорен;
- Редовни контакти и посета на лекари и фармацевти;
- Учество и поддршка на промотивни активности на својот терен;
- Следење на активностите на конкуренцијата;
- Поднесување на редовни извештаи за своето работење;
- Ефективна комуникација со колегите и тимска соработка;
- Градење на деловни релации со клиенти;
- Активно учество и придонес во развојот на компанијата.
Потребни квалификации:
- ВСС: Завршен Медицински, Фармацевтски или Стоматолошки факултет;
- Работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност;
- Добри комуникациски вештини;
- Проактивност и ориентираност кон остварување на цели;
- Подготвеност за службени патувања;
- Способност за тимска работа;
- Познавање на Англиски јазик;
- Познавање на MS Office пакетот и интернет пребарувачите;
- Возачка дозвола Б категорија – активен возач.
Компанијата нуди одлична можност за професионален развој во динамична средина за амбициозни професионалци кои сакаат да бидат дел од интернационален бизнис кој е фокусиран на секојдневна грижа за здравјето на луѓето.
Работниот однос за оваа позиција првично ce заснова на определено време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот на неопределено време. Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа. Неделното работно време е од понеделник до петок.
Доколку се пронајдовте во горенаведениот опис, пратета ја вашата пријава на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]