Внатрешен ревизор

За компанијата: Друштво за осигурување. Друштвото за неживотно осигурување УНИКА АД Скопје e дел од Австриската групација UNIQA INSURANCE GROUP, која е една од водечките осигурителни групации во Централна и Источна Европа. Групацијата... повеќе за компанијата »

Друштвото за неживотно осигурување УНИКА ЛАЈФ АД Скопје e дел од Австриската групација UNIQA INSURANCE GROUP, која е една од водечките осигурителни групации во Централна и Источна Европа. Групацијата е  застапена со 40 Друштва за осигурување во рамките на 18 држави во Европа, и истовремено преку своите 23.500 вработени врши услуги насочени кон задоволување на потребите на своите клиенти .

На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за професионален развој и надградба, како и одлични услови за работа во средина со професионален и амбициозен тим .

Во согласност со нашата цел и стратегија, имаме потребa  за вработување на следната позиција :

                                                                   ВНАТРЕШЕН РЕВИЗОР

ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ

  • Ревизорот во надлежност го има раководењето со внатрешна ревизија организирана како независна организациона единица  која функционално и организациски е одвоена од другите организациски единици од друштвото со сите обврски согласно важечките законски прописи:
  • Целосна ревизија на работењето на Друштвото за осигурување;
  • Внатрешна ревизија согласно принципите и интерните стандарди   за ревизија, кодексот на етичкото однесување и актите за работење на внатрешните  ревизори;
  • Вршење  на  усогласување  на  методите  за  работењето  со  работата  на надворешните ревизори на Друштвото кои ги ревидираат годишните финансиски извештаи .
  • Постапување согласно одбврските во Законот за супервизија на осигурување, Законот за трговски друштва, Законот за ревизија и поврзаните закони со дејноста внатрешен ревизор.
  • Изготвување на ревизорски извештаи за потребите на Уника Групацијата согласно определените рокови и насоки.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Високо образование од областа на Економија, Сметководство или Финансии
  • Лиценца за овластен ревизор согласно Законот за ревизија или CIA -Меѓународен сертификат за внатрешен ревизор издаден од IIA
  • За предност ќе се смета работно искуство во друштво за осигурување
  • Искуство во внатрешна или надворешна ревизија
  • Добро владеење на англиски јазик
  • Комуникациски способности и способност за тимска работа

Доколку сметате дека сте вистински кандидат за работната позиција ве молиме испратете ваша Биографија – CV на следната емаил адреса  [најави се за да го видиш е-маилот]

Доставените апликации ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидати кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани за интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »