Графички дизајнер

За компанијата: Македонијалек е првата приватна веледрогерија во Македонија. Развојниот пат на Македонијалек датира од 1978 година, а со постојната структура и сопственост на капиталот претпријатието функционира од 1991 година. повеќе за компанијата »

МАКЕДОНИЈАЛЕК Скопје e компанија која повеќе од 40 години претставува синоним за квалитет, традиција и успех во фармацевтскиот бизнис.

Постојаниот развој на компанијата наметнува потреба за засилување на Маркетинг Тимот и во таа насока имаме потреба од вработување на:

                                                          ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР

Работни обврски:

  • Изработка на дизајн на визуелни решенија за веб и социјални медиуми

  • Подготовка на дизајни и маркетинг материјали за печат (брошури, флаери, постери, налепници, летоци, маици, брендирање на возила)

  • Подготовка на дизајн за надворешни светлечки реклами

  • Дизајн на списание

  • Идеи за дизајн и изработка на нова амбалажа на производи(кутии, фолии, кеси)

  • Комуникацијa со печатници и надворешни соработници со цел обезбедување на квалитетна подготовка за печатење

  • Спроведување и контролирање на процесот од изработка на дизајнот до финално завршување со цел да се обезбеди исполнување на рокови и продукција на материјал со највисок квалитет

Квалификации:

  • Познавање на Adobe Photoshop, Adobe Illustrator, Adobe InDesign и останати алатки за визуелен дизајн

  • Познавање на англиски јазик

  • Креативност

  • Ефикасно управување со времето

  • Искуство во администрација на социјални медиуми ќе се смета за предност

Ние ви нудиме:

  • Работно време од понеделник до петок од 08:00-16:00 часот

  • Пријатна работна атмосфера

  • Тимска работа

  • Можност за постојано надградување

 

Сите заинтересирани кандидати своето CV може да го достават на [најави се за да го видиш е-маилот]

Само кандидатите кои ги исполнуваат условите и ќе влезат во потесниот избор ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »