Координатор на проектни изведби и монтажа

За компанијата: ИЦС ГРУП ДОО - Скопје е фирма , која врши проектирање, продажба и изведба на системи за греење, ладење и вентилација, како и техничко-консултантски услуги. Својата политика и концепција на работа ја... повеќе за компанијата »

ИЦС ГРУП ДОО - Скопје e приватна компанија, овластен партнер на Јапонскиот бренд DAIKIN за Македонија, специјализирана за проектирање, продажба и изведба на системи за греење, ладење, климатизација и вентилација. Во моментов поради проширување на тимот имаме потреба од стручен, амбициозен и одговорен профил за работната позиција:

                           
Координатор на проектни изведби и монтажа

Клучни одговорности на координаторот се:

  • Планирање на активностите за монтажа на опрема
  • Организација на монтерски екипи по објекти и проекти, според динамичките планови на менаџерите на проектии согласно динамиката на продажба
  • Координирање и контрола на активностите за навремено задоволување на клиентитеи оптимално извршување на задачите
  • Изготвување кратки извештаи врз основа на анализите на ефикасноста на екипите.

Потребни квалификации:

  • Високо образование од техничките науки (Машински или Градежен факултет ќе се смета за предност).
  • Напредно ниво за работа со компјутер – Microsoft Office

Искуство: најмалку 2 години на иста или позиција со слични одговорности.

Вештини и способности:

  • Високо изразени организациски способности,
  • Планирање и анализа на детали кон формирањеплан за реализација
  • Способност за читање технички цртежи и работа со документација,
  • Способност за комуникација со луѓе на различни позиции,
  • Градење авторитет, лидерски вештини,
  • Способност за брзо носење одлуки.
  • Возачка дозвола Б катергорија

Работната позиција е во Скопје, со работно време од 08:00 - 16:00 часот, од понеделник до петок.

Сите заинтересирани кандидати своето  CV може да го  испратат на следнава e-mail  адреса  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »