Помлад соработник во ревизија

Плата од 30.000 ден. до 35.000 ден.

(преземи го огласот како слика)

 

Друштвото за ревизија РАФАЈЛОВСКИ РЕВИЗИЈА ДОО Скопје објавува:

 

О  Г  Л  А  С за пополнување на ДВЕ слободни работни места ПОМЛАД СОРАБОТНИК

 

Работниот однос ќе се заснова, со полно работно време со 40 часа неделно, на определено време од 6 месеци со можност за продолжување на договорот и трансформација на истиот на неопределено време.

 

Работодавачот нуди:

  • Дополнително приватно здравствено осигурување
  • Компетитивна нето плата од најмалку 32.000 денари;
  • Можност за доквалификации;
  • Пријатна работна атмосфера;
  • Работно време од 09:00 до 17:00 ч.

 

Кандидатите покрај општите услови за вработување предвидени во Законот за работни односи потребно е да ги исполнуваат следните квалификации:

  • Завршено (ВСС - Економски факултет);
  • Одлично познавање на работа со компјутер (Microsoft Office);
  • Одлично познавање на англиски јазик (пишување и зборување);
  • Со или без работно искуство.

 

Потребни документи:

  •  Писмо за интерес;
  •  Биографија (CV);
  • Уверение за завршено високо образование.
  •  

 

Документите да се достават на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]

 

Ќе бидат земени во предвид само заинтересираните лица кои потребните документи ќе ги достават по e-mail.

 

За повеќе информации побарајте нè: 02/3088-900.

 

РАФАЈЛОВСКИ РЕВИЗИЈА ДОО Скопје 
Ул.Орце Николов бр.190 Скопје               

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »