Правник

За компанијата: ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје:

Самостоен соработник за премиско сметководство - Самостоен соработник за финансии

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за  професионален развој и надоградба како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.

Во согласност со нашата цел и стратегија имаме потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:

                                                                                    ПРАВНИК

Потребни квалификации и карактеристики:

  • Универзитетска диплома, Положен правосуден испит;
  • Најмалку 5 години работно искуство во областа на правни работи, познавање на корпоративното право
  • Познавањето на англиски јазик е задолжително додека познавањето на турски и/или албански јази ќе се  смета за предност;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Усогласеност со законската и интерна регулатива и почитување на рокови;
  • Оринтираност кон критично размислување и решавање на проблеми.

Работни обврски

  • Изготвување на правни мислења и анализа на релевантни закони;
  • Учествува во ревидирање и изготвување на внатрешните акти на Друштвото;
  • Изготвување документација и спроведување на постапки пред надлежни институции;
  • Изготвување на Договори, Одлуки и други правни акти;
  • Застапување на предмети во судска постапка, изготвување на редовни и вонредни правни лекови, дописи и друга документација потребна за судски постапки;
  • Врши и други сродни работи.

Доколку сакате да станете дел од нашето Друштво, испратете ни ваше CV и мотивационо писмо на следната е-маил адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака “Оглас за вработување на Правник”.

Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат обработени и земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Друштвото. 

Нaпомена:  Само кандидатите што ќе влезат во потесниот круг ќе бидат повикани на интервју.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »