За компанијата: „Синцеритас“ АД Скопје е фармацевтска компанија чиј фокус на работење е култивирањето и производството на канабис за медицинска намена. Работните практики и политики во нашата компанија се усогласени со...
повеќе за компанијата »Координатор во Производство
Задолжително е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови:
- Диплома за завршено високо образование – Фармацевтски/Хемиски/Технолошки факултет
- Најмалку 1 годинa релевантно искуство.
- Основно познавање од англиски јазик и Microsoft office пакетот.
Одговорности и работни задачи:
- Одговорен за правилно и навремена реализација на планот за работа, негова организација, контрола и спроведување според начелата на ДПП;
- Одговорен за контрола на квалитет и квантитет на процесите на производство и учествува во истите;
- Одговорен за следење и контрола на условите во Произодство според начелата на ДПП;
- Одговорен за контрола за одржување на хигиена во Производство;
- Одговорен за изработување и водење и правилно пополнување на производни протоколи, работни налози, контрола на требување на почетни материјали и амбалажа за секоја серија на производ;
- Одговорен за поднесување извештаи, информации и анализи за производство до непосреден претпоставен;
- Одговорен за сите неусогласености и отстапувања во текот на производниот процес да ги пријави до непосреден раководител и да пополни документација за истото;
- Контактира со соодветните одговорни лица за магацини, контрола на квалитет, култивација, набавка, обезбедување на квалитет, технички операции за успешна организација на работата во Производство.
- Изработка и ревизија на СОП-ови и Работни упатсва поврзани со производниот процес и работата во Производство
Од кандидатите за бараната позиција се очекува да ги поседуваат следните вештини, способности и лични особини:
- Организираност и ефикасност;
- Способност да внимава на детали;
- Докажани способности за водење документација;
- Следење на интерните правила и процедури;
- Самоиницијативност и самокритичност;
Дополнителни информации:
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »