Mедицинска сестра/техничар

Италијанска приватна здравствена установа Општа Болница Еуроиталиа – Скопје чиј примарен фокус на работа е европска грижа за вашето здравје – има потреба од проширување на својот тим на позиција: медицинска сестра/техничар.

Потребни квалификации:

  • Завршено средно медицинско образование;
  • Положен стручен испит за медицинска сестра/техничар;
  • Задолжително искуство во апликација на канила и венепункција;
  • Познавање на работа со компјутери;
  • Познавање на албански јазик ќе се смета за предност.

Личен профил:

  • Одговорност, лојалност и огранизираност;
  • Способност за брзо учење;
  • Љубезност, учтивост и хуманост;
  • Способност за тимска/индивидуална работа.

Што нудиме?

  • Стабилна работа;
  • Европска плата со неограничена можност за напредок;
  • Полно работно време од 40 часа неделно;
  • Одлични услови за работа;
  • Можност за континуирана надградба на знаењето.

Сите апликации ќе бидат разгледувани со максимална доверливост.

Доколку сметате дека ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, Ве молиме да ја доставите Вашата кратка биографија (CV) на македонски јазик со назнака: за работна позиција медицинска сестра/техничар на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]  

Напомена: 

  • Се молат апликантите кои се без искуство во апликација на канила и венепункција, да не се кандидираат на овој оглас;
  • Апликацииите без фотографија нема да бидат земени предвид;
  • Огласот е активен 15 работни дена од датумот на неговото објавување.


 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »