Поради проширување на својот тим, НИКОБ објавува оглас за вработување на: МАРКЕТИНГ ДИРЕКТОР
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование од областа на маркетинг или односи со јавност - Најмалце 3 години работно искуство во маркетинг - Возачка дозвола Б категорија (активен возач) - Познавање на англиски јазик - Познавање на работа со компјутери (MS Office)
Опис на работни обврски:
-Осмислува, развива и имплементира годишен маркетинг план за фирмата и дизајни за сите корпоративни материјали на фирмата
-Осмислува креативни решенија и рекламни кампањи за печатени, ТВ, радио и интернет медиуми
-Изработка на медиа планови, весник - информатор на фирмата и апдејт на интернет страницата на фирмата и постојана комуникација на социјалните мрежи
-Го испитува пазарот за потреби од понуда на нови услуги и континуирано следење на конкуренцијата
-Се грижи за редовно одржување контакти со коминтентите и јавноста за информирање и формирање позитивна слика
-Подготвува материјали за маркетинг настапи и ги организира истите
-Подготвува сценарија за снимање на рекламни спотови
-Врши промоција на нови пакети услуги и опрема
Дополнителни квалификации:
- Организираност и одговорност; - Одлични комуникациски вештини;
- Професионалионален и љубезен однос кон клиентите; - Способност за индивидуална и тимска работа; - Лојалност, самоиницијативност, темелност, енергичност
Компанијата нуди:
- Динамична работна средина;
- Редовни месечни примања; - Нето плата во износ од 60.000 денари;
- Постојани обуки, тренинг и можност за напредок во кариерата.
Ако во горенаведеното работно место препознавате предизвик за својата кариера и ги исполнувате бараните услови, Ве молиме испратете ја вашата биографија на следниот e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]