Внатрешен ревизор

За компанијата: ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје:

Самостоен соработник за премиско сметководство - Самостоен соработник за финансии

Потребни услови: 

  • ВСС 7/1 степен, Факултет и посебно Овластување за ревизор;
  • Најмалку 5 години работно искуство;
  • Најмалку 3 години работно искуство во областа на осигурувањето;
  • Познавање и работа на компјутери; 
  • Пожелно е познавање на англискиот јазик.

Опис на работите и задачите:

  • Врши целосна ревизија на работењето на Друштвото со цел да се утврди дали Друштвото: ги врши работите на осигурување во согласност со Законот за супервизија на осигурување, како и во согласност со Внатрешните акти со кои се регулира работењето на Друштвото;
  • Изготвува годишна програма за работа;
  • Ги извршува и задачите определени со Годишниот план за ревизија кој го донесува органот на надзор на Друштвото;
  • Најмалку два пати годишно, изготвува извештаи за спроведената внатрешна ревизија, односно за своето работење изготвува квартални извештаи по изминување на секој квартал од годината;
  • Изготвува годишен извештај за внатрешната ревизија;
  • Доколку при спроведување на внатрешната ревизија се утврди дека Друштвото ги повредило правилата за управување со ризик и како резултат на тоа му претстои неликвидност или несолвентност, или е доведена во опасност сигурноста на работењето на Друштвото, веднаш за тоа ги известува органот на надзор и управување на Друштвото и;
  • Врши други работи согласно Законот за супервизија на осигурување.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »