Референт за возен парк

За компанијата: За нас Друштвото за обезбедување на лица и имот НИКОБ ДОО експорт-импорт Скопје е основана во 1995 година во Скопје и е првата компанија за обезбедување во Македонија која е судски регистрирана. Лојалноста,... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Никоб обезбедување:

РЕФЕРЕНТ ВО СЕКТОР ЗА ЛОГИСТИКА

Поради проширување на својот тим НИКОБ ДОО Скопје објавува оглас за вработување на:

                                                            Референт за возен парк 
 

Потребни квалификации:

  • Минимум ССС;
  • Задолжително претходно работно искуство на иста или слична позиција;
  • Поседување возачка дозвола Б – категорија (активен возач);
  • Основно познавање на англиски јазик;
  • Работа на компјутер (MS Office);
  • Познавање на територијата на Град Скопје и Република Северна Македонија;
  • Основно познавање на автомобилската технологија;

Работни задачи: 

  • Управува  со патничките  службени возила  по   налог  на  претпоставениот раководител;
  • Се грижи за техничката исправност и опремата на службените возила;
  • Подигнува материјали или роба од разни добавувачи за потребите на компанијата;
  • Води евиденција за користењето на службените возилата од возниот парк на компанијата и ги организира активностите поврзани со сервис, регистрација, штети и сл. 

Компанијата нуди:
- Динамична работна средина;
- Редовни месечни примања;
- Постојани обуки, тренинг и можност за напредок во кариерата.

Работното време на оваа позиција е 8 (осум) часа дневно, со почеток од 08:00 до 16:00 часот од понеделник до петок.

Ако во горенаведеното работно место препознавате предизвик за својата кариера и ги исполнувате бараните услови, Ве молиме испратете ја вашата биографија на следниот e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »