Соработник за градежни работи

За компанијата: The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок... повеќе за компанијата »

Job Good! Life Good!

The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок менталитет во менаџментот на човечки ресурси и нашата основна дејност се кадровски решениа за барателите на работа и работодавачите.

За потребите на клиент, глобална производствена компанија, бараме:

 

Соработник за градежни работи

Вашата улога како Соработник за градежни работи на проекти би била да помогнете во проценка, имплементација, координација, следење и спроведување на дневни активности за тековните проекти. Основна задача од работното место е подготовка на FIDIC Договори и нивна имплементација. Закажување состаноци, побарување на градежни и канцелариски материјали и слични административни канцелариски активности се исто така дел од овој опис на работно место.

 

Локација:  Желино, Тетово

Главни одговорности:

  • Изработка и имплементација на FIDIC Договори;
  • Преглед и одобрување на неопходни дневни набавки за проекти;
  • Организација на канцелариски обврски и архивирање;
  • Организација на состаноци со клиенти;
  • Комуникација со клиенти;
  • Другите задачи кои се сметаат за неопходни.

Квалификации:

  • Образование: Високо образование – студии од областа на градежништвотво, областа на економија, право или сродни технички науки.
  • Професионално и течно познавање на македонски и англиски јазик (ниво Б2) и македонски јазик (Ц1), како усно така и писмено, пожелно е да познава албански јазик.
  • Одлично познавање на Excel и MS Office алатки.
  • Возачка дозвола „Б“ категорија.

Работно искуство:

  • Претходно искуство на слична работна позиција и искуство со работа на проекти финансирани од странски фондови во земјата и познавање на процесот на аплицирање за ваков тип на проекти, ќе се смета за предност;
  • Претходно искуство со FIDIC договори ќе се смета за голема предност;
  • Вештини за управување со проекти, вклучително и спроведување на комплексни   проекти во областа на градежништвото.

Клучни компетенции:

  • Висок личен интегритет, деловен и професионален однос;
  • Комуникациски, организациски и аналитички вештини, ориентираност кон резултати, способност за тимска работа;
  • Решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
  • Ориентираност кон странките/засегнати страни;
  • Стратешка свест;
  • Висока мотивираност за остварување на зададените цели и задачи.
  • Доверливост и одговорност.

Заинтересираните кандидати ги покануваме да аплицираат ! Доколку имате прашања поврзани со апликациите, контактирајте ја Сашка Малиновиќ  на +389 70 370 649 (Понеделник-Петок) или пратете мејл на [email protected]


Пробајте го Хедхантер за вашиот успех!
Доверете ја вашата кариера на ВИСТИНСКИТЕ професионалци!
Ве молиме бидете информирани дека само кандидатите селектирани за интервју ќе бидат контактирани. При аплицирање напомнете ја позицијата за која аплицирате

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »