Промовирани огласи »

Веднаш по стапувањето во сила на одлуките на Владата за определување на највисоки цени за тестенини, млеко, урда, сирење, кашкавал, кисело млеко, павлака и јогурт, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ќе излезе на терен и ќе постапува, најавуваат од Инспекторатот и додаваат дека казните за непочитување на одлуките изнесуваат од 800 до 10.000 евра, во зависност од големината и видот на економскиот оператор.

Одлуките се донесени во интерес на граѓаните и нивните потреби и ќе стапат во сила на 16 март 2023 година. Ова е доволен временски период за трговците да ги прилагодат цените. Апелираме да се почитуваат одлуките, затоа што во спротивно, без селекција, ќе следат казни, кои според Законот за трговија се исклучително високи. Исто така, апелираме, доколку граѓаните забележат било какви неправилности кои се поврзани со цените на производите веднаш да пријават во Државниот пазарен инспекторат, велат од ДПИ.

ДПИ, како што посочуваат, ќе постапува исклучиво по однос на контрола на цените утврдени со одлуките, но нема надлежност да постапува, ниту пак да влијае врз формирање на цени во трговијата на големо и трговијата на мало.

Владата донесе одлука за замрзнување на цените на тестенини неварени, неполнети ниту поинаку приготвени, што не содржат обично пченично брашно или гриз, без додаток на јајца (макарони и шпагети) чија највисока цена на овие производи од ставот се утврдува на нивото на цените кои се применувале на 1 март 2023 година, во трговијата на мало, и се намалуваат за 15 отсто.

Со одлуката се опфатени и трајно кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, урда, кравјo бело сирење и мешано бело сирење, кравји кашкавал (со исклучок на кравји кашкавал без додатоци и пармезан), кисело млеко, павлака и јогурт, без додатоци, а највисоките цени на наведените млечни производи се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 1 март 2023 година, во трговијата на мало, и се намалуваат за 10 отсто.

Промовирани огласи »

Од Групацијата на авто такси превозници велат дека таксистите немаат долгови кон град Скопје, но имаат проблеми со издавањето на лиценци.

Скопските такси превозници веќе подолго време имаат проблеми со кои се соочуваат па поради тоа од Групацијата веќе испратиле писмо до градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска од која бараат помош во решавањето на нивните проблеми.

Веќе со години владее хаос во такси превозот во главниот град, поради тоа бараме решение на нашите проблеми – рече првиот човек на групацијата, Сашо Рајчановски во гостувањето на Телма.

Тој вели дека таксистите немаат долгови кон град Скопје, но имаат проблеми со издавањето на лиценци.

Според него, многу таксисти возат без лиценца, а има и такви кои се лиценцирани, но без фискални таксиметри или со диво наштелувани таксиметри.

Низ скопските улици има над 1.500 диви таксисти, а со решавање на овој проблем, се очекува намалување на бројот на невработени во Агенцијата за вработување, но и полнење на буџетот на Македонија со околу 200.000 евра месечно – посочува Рајчановски.

Промовирани огласи »

Ако планирате одмор оваа година и не го знаете јазикот, можеби ќе посакате да спакувате речник. Но овие слушалки за превод го олеснуваат разговорот со новите луѓе што ќе ги запознаете на вашиот престој надвор од вашата земја.

Овие слушалки се компактни и спремни за патување во нивната елегантна кутија за полнење. И исто како и меѓународната eSIM што ви овозможува да избегнете огромни такси за роаминг на податоци, тие заслужуваат место во вашата торба. Ќе добиете до 10 часа користење со едно полнење на слушалките Mymanu Clik S, а футролата носи до две целосни надополнувања.

Преведувањето на друг јазик е едноставно со Clik S. Само повлечете ја бесплатната апликација MyJuno на вашиот iOS уред. Потоа, изберете ги јазиците што ќе ги користите вие и вашиот партнер за разговор. Кога зборувате, вашите слушалки ќе слушаат и автоматски ќе репродуцираат превод од телефонот. Вашиот нов пријател само треба да разговара со вашиот телефон за да може преводот да се пушти  и да се појави на екранот.

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Офис Плус е водечка компанија во Македонија за продажба и дистрибуција на канцелариски материјали, ИТ, канцелариски мебел, промоција, патни торби и училишна опрема. Компанијата работи на сите канали на дистрибуција: трговија на големо и мало, продажба по каталог и работи на решение за продажба преку веб шоп.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ
ПРОДАЖЕН РЕФЕРЕНТ EAST GATE

УНИКА ЛАЈФ АД Скопје е друштво за осигурување на живот кое на македонскиот пазар на осигурување постои уште од 2011 година, и е дел од UNIQA GROUP AUSTRIA која е лидер на Австрискиот осигурителен пазар уште од 1811 година.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ –ВЕЛЕС
АГЕНТ ЗА ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ

ХАЛКБАНК е еден од најголемите и најсилни брендови на македонскиот финансиски пазар. Како најбрзорастечка банка на пазарот, Халкбанк АД Скопје денес значи и: Вработување за над 710 вработени. Широка мрежа од 45 филијали. Широка мрежа на банкомати и активни ПОС-терминали достапни кај бројни трговски партнери.

Моментално вработува:

САМОСТОЕН РЕФЕРЕНТ ВО ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ
РЕФЕРЕНТ ЗА КРЕДИТНА АНАЛИЗА
РЕФЕРЕНТ ВО ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ФИНАНСИСКА КОНТРОЛА
САМОСТОЕН РЕФЕРЕНТ ВО ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ФИНАНСИСКА КОНТРОЛА

Вабтек МЗТ АД Скопје, дел од интернационалната Wabtec Corporation и лидер во производството на сопирачки системи за железнички возила.

Моментално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА АНАЛИЗА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИ ТРОШОЦИ

Singular е етаблиран бренд во iGaming индустријата кој развива решенија кои се истакнуваат со нивната флексибилност, доверливост и иновативност. Овие три клучни аспекти го обликуваат како конкурентен фактор на пазарот.

Моменталновработува:

OFFICE MANAGER

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа, секогаш сме во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство.

Моментално вработува:

ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР / СКОПЈЕ
ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР / ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА
ВОЗАЧ НА ПАТНИЧКО МОТОРНО ВОЗИЛО

Magna International Inc. е водечки глобален снабдувач во автомобилската индустрија посветени на испорака на нови решенија за мобилност и технологија што ќе го променат светот.

Моментално вработува:

ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО
PAYROLL SPECIALIST
PROCESS TECHNICIAN IM

ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден е белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

Сите активни работни позиции од ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА можете да ги најдете ТУКА.

Леар Корпорација компанијата која се занимава со производство на автомобилски навлаки и седишта во ТИРЗ во Тетово.

Моментално вработува:

СМЕТКОВОДИТЕЛ
ТЕХНИЧАР ЗА КВАЛИТЕТ
ИНЖЕНЕР ЗА СИСТЕМИ ЗА КВАЛИТЕТ
ПЛАНЕР ЗА МАТЕРИЈАЛИ

Доколку сеуште сте во потрага по вашето иеално работно место, сите останати активни огласи за вработување можете да ги најдете ТУКА.
 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »