Промовирани огласи »

Административците кои користат неплатено отсуство по 3 месеци за да работат во странство, по нивното враќање да се вработат во приватниот сектор каде има недостиг на работна сила, изјави вицепремиерот Фатмир Битиќи.

Имам еден друг предизвик. Кога ќе се вратат во септември, истите слободно да ги понудиме на приватниот сектор, ќе дадеме стимулирање и за приватниот сектор за да се вработат еднаш засекогаш таму каде што најмногу се потреби, вели Битиќи.

Битиќи вели дека државата ќе помогне да го стимулира овој процес со субвенционирање на придонесите.

Инаку Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу  изрази жалење што во повеќе институции вработените бараат неплатен одмор, заминуваат на неколку месеци во странство и дел од нив по неколку години остануваат таму. Посочи дека неплатениот одмор законски им следува на вработените, а од друга страна, како што рече, се ограничени.

Менаџерите на институциите треба да имаат предвид дека работата не смее да биде заглавена во нашите институции, рече Алиу.

Промовирани огласи »

ЕСМ Снабдување со топлина нуди можност за бесплатно приклучување на исклучените потрошувачи до крајот на месец август поточно до 31 август 2023 година. Од компанијата соопштуваат дека бројот на потрошувачи кои се приклучуваат на централниот систем за топлинска енергија, со кој управуваат новите компании на АД ЕСМ е во постојан пораст. 

Откога ЕСМ Снабдување ја има лиценцата за снабдување со топлинска енергија во градот Скопје, до денес, околу 1.640 потрошувачи со вкупна инсталирана топлинска моќност од 10 МW се приклучиле на системот за централно греење од кои 150 се претходно исклучени потрошувачи - соопштуваат од ЕСМ Снабдување.

Трендот на пораст на бројот на потрошувачи кои се приклучуваат, покажува дека кај жителите на градот Скопје расте свесноста за бројните придобивки и комфорот што го нуди централниот системот за греење. Дополнителен фактор за растечкиот тренд на нови потрошувачи е и акцијата за бесплатно приклучување на исклучените потрошувачи на системот за централно греење која е во тек и важи за сите потрошувачи каде има техничка можност за приклучување. 

Од  1-ви септември 2023 година, приклучувањето ќе се наплаќа во целост согласно важечкиот ценовник.

Сите неопходни информации за постапката за приклучување заинтересираните потрошувачи можат да ги добијат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02/3076-200 и 075/400-100.

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Македонијалек е првата приватна веледрогерија во Македонија. Развојниот пат на Македонијалек датира од 1978 година, а со постојната структура и сопственост на капиталот претпријатието функционира од 1991 година.

Моментално вработува:

ДИСТРИБУТЕР / ВОЗАЧ

LiveDOOH Signkick е иновативна технолошка платформа која им помага на сопствениците на медиуми надвор од дома да го револуционизираат начинот на кој се поврзуваат со огласувачите.

Моментално вработува:

TECHNICAL SUPPORT ENGINEER

Breadway претставува нешто ново за секого! Кафе! Смути! Пекара! Се на едно место!

Моментално вработува:

ПОМОШНИК/ЧКА ЗА ВО КУЈНА
ПРОДАВАЧ/КА НА СЛАДОЛЕД
ПЕКАР/КА ЗА РАБОТА ВО ПРВА СМЕНА

ГД Гранит АД Скопје e најголемиот македонски градежен изведувач, чија основна дејност е изградбата на патишта и автопатишта, бренд кој е препознатлив и надвор од границите на Република Македонија.

Моментално вработува:

РАКУВАЧ НА БЕТОНСКА ПУМПА
ВОЗАЧ НА КИПЕР
ВОЗАЧ НА ЦИСТЕРНА ЗА ВОДА

NATURA THERAPY е водечка компанија на пазарот која се занимава со развој, производство и продажба на висококвалитетни, иновативни природни додатоци на исхраната наменети за подобрување и одржување на здравјето на човекот.

Моментално вработува:

ОПЕРАТОР ВО CALL CENTAR ЗА ПРОДАЖБА

FAME'S бистро- место за уникатно гурмански искуство, вкусна храна и исклучителна услуга.

Моментално вработува:

КЕЛНЕР/ШАНКЕР

Фабриката ФЕЈДОМ во Скопје е се уште организирана како експериментална производствена лента, со 100 вработени и простор од 4,000 квадратни метри, а која произведува околу 6,000 софи годишно.

Моментално вработува:

ТАПЕТАР

Ел Дорадо 05 ДОО Скопје е основач на брендот "ZIA" кој работи повеќе од 5 години, и е пласиран на пазарот со 4 продажни локации, меѓу кои Г.Т.Ц., Приземје (спроти Жена парк), Т.Ц.Лептокарија (до Зегин од внатрешната страна), Capitol Mall, 1 спрат и East Gate Mall, 1 спрат.

Моментално вработува:

ПРОДАЖБА - EAST GATE MALL
ТЦ ЛЕПТОКАРИЈА - ПРОДАЖБА, ДВЕ СМЕНИ
ПРОДАЖБА - ЛОКАЦИЈА CITY MALL

Be-Da Logistics е основана на почетокот на 2011 година како компанија специјализирана за организирање меѓународен транспорт и логистика на стоки преку копнен, железнички, воздушен и поморски сообраќај.

Моментално вработува:

МАРКЕТИНГ/ДИЗАЈН СПЕЦИЈАЛИСТ

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

На едно семејство во јуни за минимални месечни трошоци му биле потребни 48.543 денари, покажуваат податоците од синдикалната кошничка што на месечно ниво ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија.

Оттаму велат дека иако има благо намалување на вредноста на синдикалната кошничка во јуни, сепак трошоците за храна и пијалоци се зголемени.

За храна и пијалоци во јуни биле потребни минимум 19.805 денари, а за покривање на режиските трошоци 13.416 денари. За превоз минимум на едно семејство му биле потребни 3.720 денари, а за хигиена 3.252 денари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »