Промовирани огласи »

Сите ученици од 1. до 5. одделение престојуваат во училиште пет часови дневно (исклучок се оние кои поради продолжен престој престојуваат и повеќе часови). Учениците од 6. одделение престојуваат во училиште 6 часови дневно, а задолжителниот престој на наставниците, пак, што реализираат настава од 1. до 6. одделение е 6 часови, без оглед на тоа дали се одделенски или предметни наставници.

Ова е наведено во документот во кои се содржани новите насоки за училиштата кои ги објавија одговорните во Бирото за развој на образованието (БРО), а кои треба да се применуваат од утре, 1 септември. Новините првпат се воведуваат во образовниот систем, согласно новата Концепција за основно образование која беше усвоена пред две години. За неа имаше бурни реакции во јавноста, а откако започна да се применува, беше утврдено дека децата покритички размислуваат, но, и дека недостасува опрема во училиштата.

Поголемиот дел од времето учениците го поминуваат во редовна настава по задолжителните и изборните предмети (оние од 1. до 5. одделение во просек до 3,5 часови дневно, а оние од 6. одделение, во просек до 4,5 часови дневно). Остатокот од времето е наменет за одмори меѓу часовите), а дел е наменет за активности што се структурирани и организирани од наставниците или од училиштето во вид на одделенски час, дополнителни или додатни активности поврзани со наставата или со
воннаставни активности, какви што се хор, оркестар, спортски клуб, подготовка на театарска претстава, еколошки и хуманитарни акции, наведено е во документот.

Во однос на тоа како ќе изгледа час по интегриран предмет, во насоките е наведено:

Содржини од природните науки (биологија, хемија, физика и дел од географија), од историја и другите општествени и хуманистички науки, како и од техничко образование и информатика, се изучуваат како интегрирани во заеднички предмет (природни науки, историја и општество и техничко образование и информатика).

Предметните наставници по предметите историја, географија, граѓанско образование, техничко образование и информатика се сметаат за потенцијални наставници за реализација на новите наставни предмети Историја и општество и Техничко образование и информатика во 6. одделение, пишува во насоките за училиштата.

Како ќе се оцени ученикот по интегрираните предмети?
Со оглед на новиот начин на организација и реализација на интегрираните предмети во некој временски период наставниците може да имаат повеќе од 20 наставни часа, а во друг период помалку од 20 наставни часа неделно.

Сепак, овие наставници во просек на годишно ниво ќе имаат доволен фонд на часови и ќе им се пресметува целосна месечна плата во текот на целата учебна година, без оглед на начинот на организацијата и реализацијата на наставата во одделни периоди во текот на наставната година, пишува во документот.

Согласно наставната програма по историја и општество за 6. одделение, наставата по овој предмет во учебната 2023/24 година ќе се реализира со 3 часа неделно, односно 108 часа годишно, од кои 62 часа отпаѓаат на модулот историја, 10 часа на модулот граѓанско образование и 36 часа на модулот географија.

Со оглед на тоа што наставата по предметот историја и општество ја реализираат двајца или тројца наставници, секој наставник изведува посебна оценка за модулот што го реализира. На крајот на учебната година во свидетелството се запишуваат одделни сумативни оценки од историја, географија и граѓанско образование, пишува во насоките.

Наставникот не мора да предава лекција од учебник
Наставата по сите предмети не се базира на учебник, туку на наставната програма – наставникот на часот не реализира лекција од учебник, туку активности кои водат кон постигнување на стандардите за оценување од наставната програма, пишува во документот.

Учебниците можат да се користат на часовите само ако содржат вежби или други активности што се предвидени за работа на час, каков што е случајот со учебниците од 1. до 3. одделение. Како замена за учебници може да се користат материјали за учење подготвени од Бирото за развој на образованието. Во услови кога учебниците не се навремено обезбедени (повлечени се од употреба поради неквалитет, постапката за нивно одобрување не е завршена, или нема заинтересирани автори), за да им се олесни учењето на учениците, БРО изработува материјали за учење. За оние предмети за кои не се предвидени учебници, Бирото изготвува прирачници, наведено е во новините.

Домашни задачи на дигитални платформи
Домашните задачи за учениците од 4. до 6. одделение може да бидат испланирани и зададени на некоја од дигиталните платформи, пишува во насоките. Задачата треба да го стави ученикот во проблемски ситуации кои водат кон продлабочување на учењето (бараат размислување и став поткрепен со докази).

Тие задачи треба да овозможат интегрирање на знаењата од повеќе предмети и нивна примена во решавањето проблеми од секојдневни ситуации, да се надоврзуваат на интересите на учениците во дадени сфери од секојдневниот живот, да поттикнуваат на читање со разбирање на текстови од книги, новинарски статии, информации од
блогови и проверени сајтови, како и на други материјали од опкружувањето, пишува во документот.

Сите овие новини се воведени како резултат на новата Концепција за основно образование, која како крупна образовна реформа беше воведена во 2020 година, на иницијатива и во време кога министерка за образование и наука беше Мила Царовска. Минатата година, односно точно една година по примената на Концепцијата, одговорните во Бирото утврдија дека учениците покритички размислуваат од претходно, но дека недостасува опрема во училиштата за да може соодветно да се реализираат активностите превидени со новите наставни програми.

Во прво и во четврто одделение сѐ уште има недоволно опремени училници со потребната опрема, средства и материјали за соодветна реализација на новите наставни програми, согласно новата Концепција за основно образование. Oд друга страна, задачите кои ги даваат наставниците, најчесто за учениците се предизвик, со што го поттикнуваат критичкото размислување и анализа на дадени ситуации, утврдија лани советниците од Бирото.

Промовирани огласи »

Да најдеме секаков друг начин на притисок, но штрајк без настава за децата, не треба никогаш да се помисли“.


Оваа порака ја испрати министерот за образование и наука Јетон Шаќири од студиото на ТВ21, односно летното издание на Клик Плус до синдикатите, а по повод најавата за штрајк. Како што е познато, Независниот синдикат за образование и наука најавува штрајк, поради како што велат, непочитувањето на одредбите од Колективниот договор и ниските плати.

Министерот вели дека се сретнал со СОНК, а дека ќе има и средба со Независниот синдикат, на коа ќе се бараат решенија. Како што додава, ги поддржува наставниците во нивните барања за повисоки плати.
 

Со новите проценти ќе стигнуваат повеќе од таа вредност, ќе стигнуваат повеќе од 35.000, 36.000, но секогаш ќе ги поддржуивам наставниците, никогаш не е доволно и треба да имаат повисоки плати. Но, се не може да се постигне во една календарска година-вели Шаќири.



Министерот додава дека веќе се покачени платие на вработените во образованието и дека уште ќе се покачуваат.


Во период од една година, 18,4 проценти се постигнаа, ние продолжуваме и овој септември, со општиот колективен договор да добијат 10 проценти., вели Шаќири.



Од Независниот синдикат за образование и наука велат дека вработените во основното образование добиваат потпросечни плати, како причина од непочитувањето и неспроведувањето на одредбите од колективниот договор.



За да биде запознаена јавноста поубаво, методологијата за пресметка на плата за вработените во секторот образование се состои од коефициент помножено со најниската плата за најнизок степен на сложеност во државата. Кај нас во секторот образование се користи најниска плата којашто е за висок процент пониска од минималната плата на државно ниво. На тој начин грубо се крши законот, незаконски се намалува платата на просветните работници и се создава ситуација просветните работници да бидат потпросечно платени., рече Томислав Гиевски од независниот синдикат за образование и наука.



Од СОНК нема поддршка за штрајк. Ставот на синдикатот е дека нема услови за штрајк бидејќи во моментов течат преговори за зголемување на платите во образованието и се финализира потпишување на нов Колективен договор. Од СОНК велат дека Колективниот договор се почитува.

Промовирани огласи »

Се чини дека веќе пристигна првиот „бран“ на поскапувања. Вчера, според некои приватни месарници, цената на свинското месо речиси ја достигнала цената на говедското.

Килограм свински бут чинеше 970 динари, свински рамења 945. Сланина се продаваше за 820. А говедско, ребра и свинско филе исто така чинат помалку од 1.000 динари. Сега речиси и да нема разлика помеѓу говедско и свинско, а порано било околу 150 до 200 динари - ни раскажува Марија, зборувајќи за цените во месарницата во Звездара каде, како што вели, плаќала околу 700 до 750. динари за свинско месо до неодамна.

Африканската чума во Србија доведе до уништување на околу 1,5 отсто од свињите во Србија. Увозот на живи животни остана на исто ниво како лани, но нивната цена порасна за 45 отсто. Поради сето ова, од ПКС сметаат дека свинското месо, кое веќе поскапело за 30 до 40 отсто во Европа, сигурно ќе поскапи и кај нас.

Бојан Станиќ од секторот за стратегиски анализи на ПКС вели дека овој раст ќе ги зголеми цените и на другите видови месо, бидејќи ќе се користи како замена за свинското месо.

Тие што продаваат свинско месо секако ќе ја имаат предвид економската моќ на населението. Цените ќе растат, но на разумно ниво, имајќи го предвид континуираниот пад на куповната моќ на граѓаните во последните шест месеци - изјави Станиќ за РТС.

Коментирајќи ја заработката на трговците, која монетарните власти ја оценија како превисока, Станиќ посочува дека е нереално да се очекува значителен пад на маржите. Како што рече, „може да се преговара само во случај на основни прехранбени производи“.

За оние ставки кои се најфреквентни може да има преговори, но не треба многу да се потпирате на тоа. Затоа што може да има одредени недостатоци како лани кога се работи за млеко. И тогаш тој трошок се пренесува на другите во синџирот. А може да го зголеми и увозот, што ќе ја намали побарувачката за домашни суровини - објасни Станиќ.

Инаку, според информациите од домашните сточни пазари, цените на добитокот со жива тежина во моментов се во мирување, но производителите сметаат дека цената на месото ќе поскапи веќе на почетокот на следниот месец. Во моментов, маториците за колење се продаваат по цена од 200, додека цената на прасињата, во зависност од подрачјето на Србија, е од 300 до 450 динари. Цената на јагнињата е од 350 до 400, а на сточните пазари цената на говедското месо има најголем ценовен распон, од 255 до дури 500 динари за килограм жива тежина.

Свежото месо во продавниците, пак, како што покажуваат податоците на Републичкиот завод за статистика (РСЗ), во август веќе било поскапо отколку во јули, а цените во продавниците се различни од град до град.

Така, најниската цена на свинската маст моментално е достапна на маркетите во Врање (630 динари/кг), додека највисока цена од 800 динари за килограм има во Крагуевац, Краљево, Сремска Митровица и Суботица. Јунче розбратна, според статистичките податоци, овој месец е најевтина во лесковачките продавници со цена од 820 динари за килограм, додека најскапата ја плаќаат потрошувачите во Белград по 1.100 динари за килограм.

Конечно, цената на телешкото месо е најниска во Ваљево и изнесува 900 динари за килограм, а градот на Колубара е еден од ретките каде ова месо е поевтино од 1.000 динари. Од друга страна, телешкото месо во Нови Сад, според податоците на РСЗ, овој месец има цена од дури 1.745 динари за килограм.

Промовирани огласи »

На први септемрви, односно утре ќе стартува новата учебна година а истата ќе трае до 17 јуни, потврди министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

Појасни дека годинава за првпат основците и средношколците ќе имаат и пролетен распуст и истиот ќе трае од 29 април до петти мај, практика која, како што кажа Шаќири, се применува во повеќе европски земји и која според наставниците и стручните служби ќе донесе подобри резултати во учењето.

Во изминатиот период како што рече министерот, интензивно се подготвувале со училиштата и локалната самоуправа за успешен старт на учебната година.

Најголем дел од учебниците за основното образование кои се одборени во изминатиот период како и дел од новите учебници од трето одделение се веќе испорачани до училиштата и апелирам до раководставата на училиштата да ги доделат до учениците. Останатиот помал дел тоа се претежно учебници за шесто одделение ќе бидат доставени веднаш по одобрување од страна на националната комисија за учебници, информира Шаќири. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »