За компанијата: За нас
Друштвото за обезбедување на лица и имот НИКОБ ДОО експорт-импорт Скопје е основана во 1995 година во Скопје и е првата компанија за обезбедување во Македонија која е судски регистрирана. Лојалноста,...
повеќе за компанијата »ДРУШТВОТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ЛИЦА И ИМОТ НИКОБ ДОО експорт-импорт СКОПЈЕ објавува оглас за вработување на 2 извршители за работна позиција:
Референт за наплата на побарувања
Потребни квалификации:
- Минимум ССС (ВСС ќе се смета за предност);
- Најмалку 1 (една) година работно искуство на иста или слична работна позиција;
- Аналитички способности;
- Ориентираност кон резултати во наплата на побарувања;
- Одлични преговарачки вештини;
- Компјутерски вештини-MS Office;
- Познавање на англиски јазик;
- Возачка дозвола Б категорија
- Познавање на Dynamics D365 ќе се смета за предност
Личен профил:
- Мотивирана и стабилна личност;
- Способност за индивидуална и тимска работа;
- Прецизност и аналитичност во работењето ;
- Флексибилност, динамичност и иницијативност;
Компанијата нуди:
- Динамична работна средина;
- Редовни месечни примања;
- Постојани обуки, тренинг и можност за напредок во кариерата;
Работното време на оваа позиција е 8 (осум) часа дневно, со почеток од 08:00 до 16:00 часот од понеделник до петок.
Ако во горенаведеното работно место препознавате предизвик за својата кариера и ги исполнувате бараните услови, Ве молиме испратете ја вашата биографија на следниот e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака – ,,ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА РЕФЕРЕНТ ЗА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊА” .