Молекуларен биолог

За компанијата: „Синцеритас“ АД Скопје е фармацевтска компанија чиј фокус на работење е култивирањето и производството на канабис за медицинска намена. Работните практики и политики во нашата компанија се усогласени со... повеќе за компанијата »

МОЛЕКУЛАРЕН БИОЛОГ

 Задолжително е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови: 

  • M-р. (биологија на растенија, молекуларна биологија, фармација)  со  1 години работно искуство;
  • ВСС (биологија на растенија, култура на ткива или молекуларна биологија) со 3 години работно искуство;
  • Претходно искуство во работа со растително ткиво/клеточна култура (асептички услови), подготовка на узорци, ракување со стаклени садови, чистење, автоклавирање и подготовка на медиуми; 
  • Претходно искуство во молекуларна биологија при истражување на растение, молекуларно клонирање, полимеразна верижна реакција, дизајн на подлога, векторска конструкција, секвенционирање, секвенцна анализа на податоци, електрофореза со гел, екстракција и пурификација на ДНК;

 

Одговорности и работни задачи:

  • Пишување на протоколи за одгледување;
  • Следење на процесот на одгледување и одобрување на промени во начинот на одгледување, врз основа на научни сознанија;
  • Подготовка на стандардни оперативни процедури согласно GACP и обука на операторите;
  • Водење записи за производни постапки, инструменти, согласно барањата на системот за квалитет;
  • Извршување и завршување на бараните експерименти за истражување и развој на растението во тимска средина;
  • Следење на трендови во селекција на растителни видови, и воведување на нови техники на одгледување;
  • Работа со и одржување на лабораториска опрема/инструменти;
  • Одржување на лабораториската документација на високо-квалитетно ниво, во согласност со применливите регулаторни водичи, како и Стандардните оперативни процедури;
  • Документирање на резултатите од експериментите, анализирање на податоци, документирање и одржување на податоците за сериите, итн.;
  • Предлагање на иновативни методи на работење, како и подобрување на методите и процедурите со цел подобрување на работната ефикасност и примена на најнови
  • технологии. Консултирање со литература со цел добивање основни информации поврзани со експериментот;
  • Развивање нови методи и работење со цел подобрување на ефикасноста на постоечките методи и поставените Стандардни оперативни процедури;
  • Асистирање при следење на употребата и залихите, одржување соодветна лабораторија;
  • Следење на технички достигнувања во молекуларна биологија на канабис;

Од кандидатите за бараната позиција се очекува да ги поседуваат следните вештини, способности и лични особини:

  • Организираност и ефикасност; 
  • Способност за тимска работа;
  • Способност да работи под притисок, да донесува доверливи одлуки и да биде решителен-на;
  • Работа со дадени рокови;
  • Следење на интерните правила и процедури;
  • Самоиницијативност и самокритичност;

Дополнителни информации:

     Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на е-маил:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »