Самостоен референт за финансии

За компанијата: ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична... повеќе за компанијата »

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје  е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за  професионален развој и надоградба како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.

Во согласност со нашата цел и стратегија имаме потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:

                                                         Самостоен Референт за финансии

  • Изготвува редовни извештаи по барање на директно претпоставен;
  • Учествува во изготвување на Извештаи кои се доставуваат до државни институции како Агенција за супервизија на осигурување, Национално биро за осигурување, УЈП и др.
  • Учествува во пресметување на коефициентот на ликвидност на дневна база;
  • Врши пресметка на плати и други надоместоци на вработените, надоместоци на органи на Друштвото, надоместоци за други надворешни лица (Застапници,Брокери, Адвокати,Вештаци);
  • Врши контрола на финансиските трансакции на дневна основа;
  • Ги изготвува месечните финансиски извештаи за акционерот во соработка со директно претпоставени;
  • Учествува во изготвување на процеси и процедури за следење на ликвидноста и други акти од областа на финансиско работење;
  • Го следи процесот на вложување на финансиските средства;
  • Ги изготвува сите месечни, квартални и годишни даночни пријави;
  • Изготвува финансиски анализи од месечната активност, вклучително споредбено со изминати периоди, варијации и на буџети и сл.
  • Го следи процесот на управување со готовина, плаќања, побарувања и напалта;
  • Врши анализа на трошоци  по организациони единици и подружници и по потреба предлага мерки за нивно намалување;
  • Учествува во релизирање на обврските на Агенцијата за супервизија на осигурување и други институции определени со Закон;
  • Врши и други работи по барање на претпоставени лица.

 

  • Потребни квалификации и карактеристики:

            Универзитетска диплома од област финансии;

            Најмалку 3 години работно искуство во областа на финансии и извештајност;

            Познавањето на англиски јазик е задолжително додека познавањето на турски и/или албански јази ќе се  смета за предност;

Компјутерско познавање на Microsoft Office, познавање на сметководствени политики и финансиска анализа

Висок степен на креативност и иновација;

Добро планирање и добра организација;

Ориентираност кон клиенти;

Одлични комуникациски и преговарачки вештини;

Способност за тимска работа;

Способност да учи и да се надоградува;

Брзо и лесно се адаптира кон нова работна средина, кон променети околности на работа и сл.;

Амбициозност, спремност за напредок и развој, кариерно и персонално унапредување;

Развиеност и одржување на високи етички и деловни стандарди, култура на отворена комуникација.

Доколку имате интерес и сметате дека ги исполнува критериумите, испратете ни ваше CV и мотивационо писмо на следната е-маил адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака “Оглас за вработување на Самостоен Референт за финансии”.

Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Друштвото. 

Нaпомена:  Само кандидатите што ќе влезат во потесниот круг ќе бидат повикани на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »