Администратор

Администратор

Ocean Engineering Technology  има потреба од Администратор чија одговорност ќе биде следење и организирање на деловни активности, извршување на секојдневните деловни операции во компанијата, изготвување извештаи, помагање во имплементирањето на процедурите и интеракција со клиентите. Тоа подразбира спроведување на сите деловни операции и активности за компанијата, од почеток до крај.

Потребно е кандидатот да има познавање од превод и толкување, административна работа ( водење архива ), искуство во работа сo институции, меѓународни организации, компании.Неопходни се одлични способности за пишување, истражување и организирање. Кандидатот би бил во постојана комуникација со клиентите и сите вклучени во проектите, за што се потребни и одлични комуникациски вештини.

Одговорности:

  • Извршување на канцелариски и административни задачи (организација на административните задачи- Архива); 
  • Организирање состаноци, работилници, презентации и сл.;
  • Комуникација со странски партнери, комуникација со клиенти и вработени и останати работи по барање на менаџментот;
  • Правни задачи (изработка на договори, решенија, дописи, одлуки и сл.);
  • Финансиски задачи (размена на информации со сектор Финансии);
  • Подготовка на договори и архивирање;
  • Подготовка на понуди, испратници, одобренија и слично;
  • Следење на компаниските правила и процедури;
  • Прием и проследување на повици, прием на нарачки;
  • Организирање на логистиката за дистрибуирање на нарачките;
  • Водење на архивата како и познавање на норми за канцелариско работење и Закон за архивска работа;
  • Води грижа за потребите на компанијата од оптимални залихи на канцелариски и други материјали и врши навремено информирање на надлежните за преземање активности за набавка на истите.

 

 

Кандидатот треба:

  • Да има завршено високо образование;
  • Претходно искуство во администрација ќе се смета за предност;
  • Познавање на архивско работење;
  • Да има добро познавање и будно да ги следи трендовите во бизнис секторите – образование, превод/толкување и издаваштво;
  • Да поседува одлични вештини за комуникација и пишување;
  • Да биде проактивна и организирана личност, способна да работи на повеќе проекти истовремено и да исполнува рокови;
  • Да биде вешт со компјутери; задолжително познавање на Windows, Microsoft Office, Adobe Acrobat, интернет апликации;
  • Да биде подготвен за индивидуална и тимска работа;
  • Одлично да го познава англискиот јазик;
  • Да има око за детали и аналитика.

Што нудиме:

Позицијата овозможува:

  • Одлични услови, компетитивна плата и можност за напредок;
  • Супер искусен тим;
  • Можност за доквалификации и посета на обуки и семинари;
  • Пријатна работна атмосфера;
  • Можност за проширување на знаењето.

    Сите заинтересирани Кандидати да пратат CV со слика  на  [најави се за да го видиш е-маилот]

    Контактирани ќе бидат само избраните кандидати .

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »