Помошник сметководител

За компанијата: За нас Друштвото за обезбедување на лица и имот НИКОБ ДОО експорт-импорт Скопје е основана во 1995 година во Скопје и е првата компанија за обезбедување во Македонија која е судски регистрирана. Лојалноста,... повеќе за компанијата »

ДРУШТВОТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ЛИЦА И ИМОТ НИКОБ ДОО експорт-импорт СКОПЈЕ објавува оглас за вработување на работната позиција:       

ПОМОШНИК СМЕТКОВОДИТЕЛ

Потребни квалификации:

  • ВСС (Економски науки)
  • Најмалку 2 (две) година работно искуство на иста работна позиција
  • Книжење влезно-излезна документација, денарски и девизни изводи и други документи за да ја евидентира состојбата во главната книга
  • Електронско плаќање и други извештаи до надлежни институции
  • Работа со банки (гаранции, акредитиви, кредити)
  • Сложување аналитички картици со купувачите и добавувачите
  • Врши сложување и анализа на бруто биланс 
  • Искуството во системот Dynamics- 365 ќе се смета за дополнителна предност
  • Книжење на плата
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Познавање на англиски јазик
  • Компјутерски вештини (MS Office)

Компанијата нуди:

  • Динамична работна средина;
  • Редовни месечни примања;
  • Плата во договор со работодавачот
  • Постојани обуки, тренинг и можност за напредок во кариерата

Работното време на оваа позиција е 8 (осум) часа дневно, со почеток од 08:00 до 16:00 часот од понеделник до петок.

Ако во горенаведеното работно место препознавате предизвик за својата кариера и ги исполнувате бараните услови, Ве молиме испратете ја вашата биографија на следниот e-mail:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Вашата апликацијата, согласно законот за заштита на личните податоци, ќе биде третирана како строго доверлива . Со самото доставување на Вашата апликација за работа, согласни сте Вашите лични податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од 6 (шест) месеци.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »