АРХИВАР / ДЕЛОВЕН СЕКРЕТАР

За компанијата: За нас Друштвото за обезбедување на лица и имот НИКОБ ДОО експорт-импорт Скопје е основана во 1995 година во Скопје и е првата компанија за обезбедување во Македонија која е судски регистрирана. Лојалноста,... повеќе за компанијата »

Со цел проширување на својот тим НИКОБ ДОО Скопје објавува оглас за вработување на:

АРХИВАР / ДЕЛОВЕН СЕКРЕТАР (2 извршители)

Потребни квалификации:

  • најмалку завршено ССС образование;
  • претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност;
  • да поседува потребни знаења, вештини и компетенции за постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење во согласност со законските одредби;
  • да поседува комуникациски вештини, организациски вештини и мултитаскинг способности;
  • напредно познавање на работа со компјутер – одлични вештини за Microsoft Office пакетот (Excel, Word, PowerPoint, Outlook) и други слични програми;
  • познавање на стандардните софтвери и способност за учење на конкретен софтвер користен од компанијата;
  • одлични писмени и комуникациски вештини во македонскиот и англискиот јазик;

Личен профил:

  • способност за индивидуална и тимска работа, како и работа под притисок;
  • да го надградува своето знаење и вештина во сферата на стручната терминологија;
  • професионален однос кон работата;
  • одговорност и способност за организација;
  • дискреција и доверливост;
  • да обезбеди транспарентна комуникација со колегите и сите засегнати страни во компанијата
  • ефективно да соработува со другите колеги за заеднички цели и за одржување на позитивна и доверлива работна средина;
  • предлага и иницира нови идеи и активности;
  • позитивно и ефективно да се прилагодува на промената на околностите;

Главни одговорности:

  • води евиденција за архивираниот материјал;
  • ажурира релевантни податоци и информации за канцелариското и архивското работење;
  • им помага на колегите за управување со документи и датотеки (складирање, организација и управување со документи и датотеки);
  • управува со појдовни и дојдовни повици;
  • прима, заверува и распределува документација (распределување на документите меѓу соодветните оддели по нивно потпишувње од соодветните одговорни лица)
  • најавува влез на посетители;
  • по потреба се вклучува во подготовките за големи настани или важни посети;
  • извршува други работни задачи дадени од непосреден раководител;
  • ги почитува етичките стандарди и политики на Компанијата;

Компанијата нуди:

  • Динамична работна средина;
  • Редовни месечни примања;
  • Постојани обуки, тренинг и можност за напредок во кариерата.

Ако во горенаведеното работно место препознавате предизвик за својата кариера и ги исполнувате бараните услови, Ве молиме испратете ја вашата биографија на следниот email:  [најави се за да го видиш е-маилот] .

 

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »